Челси со 4-0 го совлада шведски Малме за кого од 58’ минута играше новиот македонски репрезентативец Ердал Ракип. Кристенсен, Жоржињо два пати од пенал и Кај Хаверц му донесоа нови три бода на Челси ама Тимо Вернер си дозволи ново промашување пред гол и им даде нов шлагворт на редовните мајтапџии.