Таг: тимо вернер

Браво мајстор Тимо, сега на кров барај ја топката

Тимо Вернер еден период беше синоним за утки на празен гол, ама го нема нешто во последно време, па го провериме да видиме како му оди и дали се поправил. Што да видиме, сезонава има 2 гола за Лајпциг до јануари и уште 2 гола за Тотенхем од јануари кога потпишал позајмица. Њукасл и Тотенхем го стартуваа 32. коло од Премиер лига и по само 7 минути игра, фудбалерите останаа без топка.

Тимо Вернер пак

Челси со 4-0 го совлада шведски Малме за кого од 58’ минута играше новиот македонски репрезентативец Ердал Ракип. Кристенсен, Жоржињо два пати од пенал и Кај Хаверц му донесоа нови три бода на Челси ама Тимо Вернер си дозволи ново промашување пред гол и им даде нов шлагворт на редовните мајтапџии.

Не требаше да му вадиме лична карта

Беше предмет за потсмев после онаа историска мартовска победа на Македонија над Германија, но синоќа ни врати дупло.

Тимо Вернер пак промаши невозможно

Едно време се мислеше дека е чиста случајност, едно време се мислеше дека е во слаба форма, па и дека секому се случува. Ама Тимо, пријателе, ова веќе станува сериозно. На мечот Исланд - Германија кој заврши со убедлива победа од 0:4 за лидерот во нашата група, шпицот на Челси пак се обрука.

Тимо има новости за фалење од шеснаесетник

Сè прави добро, освен што не постигнува голови, гласи еден од коментарите кој можеби најдобро го отсликуваат човекот кој освен во Премиер лига, дебело го изеде срамот и во дуелот еден на еден со наш Столе.

Нов ремет за Тимо, овој пат од Жиру и Куртоа фатени на камера

После промашен зицер Тимо Вернер подобро нека не пушта нет, бидејќи тек тогаш ќе се депримира кога ќе види колку го зборат. Плус ова видео може да ја наруши атмосферата во Челси, бидејќи на него се мајтапат негов колега со бившиот голман на Челси.

Компилација од сите утки на Вернер

Во Битола некои би го викале зицеро ама некои и љуфнатио. Од почеток беше шала, ама ова што се случува со екстремно скапо платениот центарфор на Челси веќе преминува во сериозна работа. Просто да нема меч да не утне зицер и тоа го фрустрира Германецот кој во Лајпциг беше неверојатен егзекутор.

Како е Тимо на битолски?

Твитерот за Тимо Вернер е пуштен на најјако, а причините се веќе многу добро познати. На човеков едноставно му се кочат нозете кога треба да реши ситуација сам пред гол, а две од повеќето такви ситуации му се против Македонија и синоќа против Реал.

Дај му ја на Вернер кога е сам, 100% ја промашува

Неполн месец откако го распнаа на крст за утката против Македонија на 1:1 и му извадија македонска лична карта, Тимо Вернер повторно се истакна пред гол, овој пат во полуфинале од ЛШ против Реал.

Најдобрите ќебапи кај Дениз во Лајпциг, десетка со кромид за Тимо Вернер

Новинарот на ЕСПН, Арчи Ринд-Тат кој е специјализиран за германска Бундеслига, раскажа за најпознатата кебапчилница во Лајпциг каде редовно доаѓаат познати фудбалери.

Единствениот начин на кој Тимо може да даде гол

Ај ние што му извадивме лична карта, него што цел свет го ремети, како на пример славниот Твитер акаунт Troll Football кој го следат 1,3 милиони луѓе. Ете, му го најдоа лекот на човекот.

Тимо Вернер беше од наша

Откако рускиот судија Сергеј Карасев синоќа со пеналите излезе тежок цреп, стигна кармата па цреп излезе и Тимо Вернер кој се посрамоти пред гол за сите пари. Епа виден е кај Беко, се сликал за лична карта.

Тимо без гајле, ја нашле топката на кров

Челси синоќа го обезбеди пласманот во топ 16 од ЛШ со гол во судиско продолжение на гостувањето против Рен. Момците на Лампард можеа да го отворат мечот многу рано уште во 4 минута, ако Тимо Вернер не гаѓаше чавки.

Челси донесе 6 врвни засилувања и нема намера да запре

Богатиот Роман Абрамович никогаш не жалел пари да го засили својот сакан Челси, а летово клубот се освежи како речиси никогаш во трофејната ера на Русинот. И немаат намера да сопрат, а во истовреме и продаваат солидно.

Како Челси ги пазари новите засилувања? Лампард и Чех им доаѓаат дома на гости

Неколку години Челси беше, а и уште е синоним за клуб кој праќа млади играчи на калење, со надеж дека еден ден ќе се вратат поискусни или ќе ја наполнат клупската каса. Ама тоа е само дел од голема трансфер машинерија,

Кај си тргнал со лопата на багер?

За време на мечот од Лига на нации меѓу репрезентациите на Франција и Германија (2:1), напаѓачот на гостите Тимо Вернер (180 см висок) и Нголо Канте (168 см) влегоа во дуел за една топка. Уствари немаше дуел туку Канте го фрли како мачка.

Најдобриот германски центарфор не оди во Реал поради проблем со ушите

21 годишниот Тимо Вернер е најталентираниот напаѓач кој Германија го има во моментов и тој на крајот на есента се најде на шорт-листот на Реал Мадрид заедно со Икарди, Алексис Санчез и Федор Смолов.

Што треба да знаеме за главниот германски напаѓач во моментов?

Напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер е најдобриот германски бомбардер во последните две години (29 гола во бундеслига). Има само 21 година а ја игра петтата сезона во професионалниот фудбал. Прва желба е на Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Фудбалер на Лајпциг се исплашил од бучавата во Истанбул и излегол од игра

Фудбалерите на турскиот шампион Бешикташ се најпријатното изненадување во првите две кола од Лигата на шампионите. Носени се на крилјата на пеколно гласните навивачи од кои некои играчи вистински се плашат доле на тревникот.