Во Битола некои би го викале зицеро ама некои и љуфнатио. Од почеток беше шала, ама ова што се случува со екстремно скапо платениот центарфор на Челси веќе преминува во сериозна работа. Просто да нема меч да не утне зицер и тоа го фрустрира Германецот кој во Лајпциг беше неверојатен егзекутор.