„Кралскиот“ клуб бил импресиониран од прогресот на лидерот на РБ Лајпциг: Вернер постигна 29 гола во последните две сезони во бундеслига (повеќе од кој било друг Германец) и 11 погодоци на 18 меча во сите натпреварувања од август до денес.
Велат дека единствена работа која што го тревожи богатиот купец се ушите на Тимо Вернер: При силен шум и бука имал проблеми со циркулација на крвта и вртоглавица, заглушување и губи концентрација.
Во септемврискиот меч од Лигата на шампионите против Бешикташ во Истанбул Тима го напушти теренот поради страшната бука што ја направија турските навивачи. Од шумот од трибините Тимо се држеше за глава, ги спасуваше ушите со затки, но на крајот не можеше да издржи и побара замена уште пред крајот од полувремето.
„Никогаш не сум играл во таква атмосфера. Не можев да се посветам на мечот. Ниту затките за уши не ми помогнаа - се чуствував ужасно“, рече тогаш најдобриот шпиц на Германија.
По пеколот кој го преживеал на стадионот во Истанбул, Тимо чувството на одзвонување во глава го држело повеќе од две недели - тој не играл неколку средби за Лајпциг.
Неодамна Marca напишала дека поради оваа проблематика Реал Мадрид како да се откажал од евентуален трансфер и решиле подолго да ги следат реакциите на Вернер на гласните и бучни стадиони.