Добри ли се денес и како ли остареа овие млади социјалисти?
Ова е химна на подмладокот на Социјалистичка, некаде од почетоците на транзицијата. Во музичка смисла „проектот“ е на трагите на Bend Aid (SPM for Africa: Did they know it's lunch pause time?) а во текстуална смисла - малку Мира Марковиќ (Срце је на левој страни) и многу рима: глобалист, хуманист, социјалист, нудист... Во режисерска смисла - кога ќе се спомне "визионер" автоматски оди кадар на Љубисав Иванов, со повремени упади на Гоце Делчев. Факат е ужасно ама заради целата таа наивност и чедност, скроз лајк.