По воведниот триумф од 1-3 против Бенфика на гости кога направи изненадување, Бешикташ и синоќа освои три бода откако со 2-0 го победи дебитантот во ЛШ, ултра богатиот Лајпциг.
Еден од најчудните моменти во последно време се случи на овој меч откако младиот вундеркинд и во моментов најдобар германски напаѓач, Тимо Вернер после 30 минути игра барал да го извадат од теренот. Претходно ставал тампони во ушите затоа што страшната заглушувачка врева на стадионот во Истанбул го извадила од памет.
Congrats to the team for the fantastic display. And to all of you amazing fans: you are the heart of Besiktas! ♥️⚫️⚪️ pic.twitter.com/GX8ijQnd2T
— Adriano Correia (@AdrianoCorreia6) September 27, 2017
„Нашите навивачи ја бодрат екипата, но на фер начин. На Тимо Вернер му сметаше таквата бука“, изјавил тренерот на Бешикташ Шенол Ѓунеш после мечот.
Timo Werner was subbed off at 32nd minute because he wasn’t able to cope with the #Beşiktaş fans noise. pic.twitter.com/qTHVXWk7oN
Од друга страна тренерот на Лајпциг, Ралф Хазенхутл имал поинакво објаснување но истовремено не негирал дека неговиот прв шпиц излегол порано од игра поради страшната врева.
„Бевме искрено исплашени во првите 15 минути, оваа атмосфера е нешто ново за нас. Беше многу многу гласно, а за млада екипа како нас тоа е нешто ново. Вернер ми кажа дека не може да дише, сакаше да се одмори а немаше никакви здравствени проблеми“, рекол Хазенхутл на прес-конференцијата.
А за тоа какви фанатици се навивачите на Бешикташ зборуваат и луѓето кои биле на нивен натпревар. Важат за најгласни во Европа а специфични се по тоа што целиот стадион пее или страшно силно свири кога гостите имаат посед на топка. И тоа трае цели 90 минути.
Тимо Вернер е млад фудбалер, има 21 година и важи за најдобар германски напаѓач во репрезентацијата во моментов. Но немал искуство на европска сцена и ова сигурно ќе го напраив уште подобар фудбалер.
Неговиот Лајпциг е дебитант не само во елитното натпреварување, туку и во Европа па сигурно е дека гостување во Истанбул е шок за тим којшто пред пар години играл во германската трета, четврта лига. Ова е првпат во историјата еден играч да не можел да игра поради неподносливата врева од трибините, а сите добро знаеме како тоа изгледа во Истанбул.
Бешикташ на крајот победи со 3-1 со погодоците на Рајан Бабел и Талиска во првиот дел и сега има шест бода во Групата Г пред Порто (3), Монако (1) и Лајпциг (1)