Фудбалерите на турскиот шампион Бешикташ се најпријатното изненадување во првите две кола од Лигата на шампионите. Носени се на крилјата на пеколно гласните навивачи од кои некои играчи вистински се плашат доле на тревникот.
Новиот турски првак Бешикташ бурно ја прослави титулата освоена во првенството. Многу навивачи останаа надвор од стадионот, па имало проблеми со полицијата, а оние кои влегле ги забавувала Јелена Карлеуша, сопруга на фудбалер на Бешикташ.