Еден од најголемите турски клубови, Бешикташ ја освои 14-та титула во првенството, прва уште од 2009. година и тоа беше причина за големо славје на стадионот.
Поради тоа што немаше место за сите на стадионот, оние кои останаа надвор се судрија жестоко со полицијата. Во маалото наречено Бешикташ, полицијата користела солзавец а навивачите фрлале со камења. Имало и уапсени.
А друга песна имало за оние кои влегле на ултра модерната ново-отворена Водафон Арена на Бешикташ. Таму претставена како Јелена Тошиќ, сопруга на бекот на Бешикташ Зоран Тошиќ, пеачката Карлеуша пред преполн стадион ја испеала We Are The Champions заедно со навивачите.
Турскиот клуб следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите и воедно се надева дека во следните години ќе успее да го надомести заостанувањето по бројот на трофеи со вечните ривали Галатасарај и Фенербахче кои имаат 20, односно 19 титули. Покрај нив трофеен е и Трабзонспор со 6, а во Турција титула има освоено и Бурса која беше шампион во 2010. година.