Таг: Јелена Карлеуша

Карлеуша, солзавец, титула и славје на Бешикташ

Новиот турски првак Бешикташ бурно ја прослави титулата освоена во првенството. Многу навивачи останаа надвор од стадионот, па имало проблеми со полицијата, а оние кои влегле ги забавувала Јелена Карлеуша, сопруга на фудбалер на Бешикташ.

Платон, Јелена и Алан Форд

Неодамнешниот скандал на катедрата по филозофија во Ниш, каде едно од прашањата на приемниот бил наслов на песна на Карлеуша, уште еднаш го поттикна муабетот за „елитната" наспроти „ниската" култура, и онаа која ја нарекуваме „општа". Добро бре, прашува Теофил Панчиќ, сте чуле ли вие на журка да се пеат Платоновите greatest hits?

Извинете, колку има саат?

Во прво лице, без многу стилски лицкања а некогаш и брутално искрено, Јелена Карлеуша се сеќава на својата прва средба со Зоран Ѓинѓиќ и сето она што следуваше откако беше убиен. "Го изгубивме најдобриот, останавме без иднина, готово, извикуваше очајниот народ. Пробуден народ. Народ кој разбра каков великан изгуби. Е, курац!", го плеснува Карлеуша директно во плексус поширокиот српски аудиториум.