Меѓутоа, добил втора шанса да даде одговор кој ќе покаже познавање на физиката.
"Има повеќе одговори на ова прашање. Еве ви еден од нив: Фрлете го барометарот од врвот на зградата и измерете за колку време тој ќе тресне на земја. Висината на облакодерот може да се добие со равенката 0.5g по t на квадрат. Меѓутоа, знаете, скршен барометар носи несреќа."
"Претпоставувам дека го сакате и одговорот од учебниците според кој висината на облакодерот се добива преку мерење на воздушниот притисок на кровот и на приземјето,за потоа разликата од добиените резултати да ја претворите од милибари во стапки и да ја добиете висината."
Професорите биле сосема задоволни од овој одговор меѓутоа ги интересирало на што мислел студентот кога рекол дека има повеќе солуции.
Студентот продолжил:
"Добро, кога веќе ве интересира. На пример, на сончев ден измерете ја висината на барометарот и должината на неговата сенка. Истовремено измерете ја и сенката на зградата и со едноставна пропорција ќе ја дознаете нејзината висина."
"Постои уште еден базичен метод за мерење," рекол студентот. " Качувајте се по зградата, по пат обележувајќи ја должината на самиот барометар и потоа пребројте колку цртки имате."
"Се разбира, ако сакате нешто пософистицирано можете да го врзете барометарот на јаже и да го занишате како клатно. Измерете ги гравитационите сили на врвот и на приземјето а од разликата меѓу резултатите ќе ја добиете висината на зградата."
"Но, веројатно најдобриот метод е со барометарот в рака да го побарате домарот на зградата и да му кажете: Господине, ова е еден фин и прецизен инструмент кој патем и доста вреди. Имам предлог за вас: кажете ми колку е висока зградата и ќе го добиете барометарот."
__________________________________________________
Студентот се викал Нилс Бор.