На основа на судска пресуда, холандското министерство за одбрана ќе му исплати отштета на едно свое воено лице кое било дел од холандскиот батаљон ангажиран во Сребреница за време на војната.
Војникот Даве Маат ќе добие необјавена сума пари заради траумите кои ги доживувал за време на службувањето во рамките на мисијата на ОН во Босна.
Во пресудата се наведува дека на војникот не му било пружено адекватно опоравување по враќањето од Босна заради што преживеаните трауми му нанеле психички проблеми и стрес.
Да потсетиме, по неколкумесечна опсада на муслиманската енклава која беше прогласена за "безбедна зона", холандскиот контингент задолжен за чување на зоната, во 1995-та ненадејно "си ги собра парталите" и го остави на немилост населението на Сребреница по што беа убиени меѓу 7 и 8 илјади луѓе.