1981-ва: Околу нив се собираат куп деца. Петар победува. Ферски си подаваат рака и стануваат најдобри пријатели.
2014-та: Директорот на училиштето вика полиција и двете деца заедно со родителите одат во станица на сослушување. И децата и родителите мора цела година да посетуваат програма за спречување на насилство.
Ситуација 2: Љупчо е немирен на училиште и им смета на останатите деца во одделението.
1981-ва: Учителката го праќа кај директорот а тој му врзува две-три воспитни. Љупчо се враќа во училницата и најмалку седум дена е мирен како бубачка на часовите. После тоа лекцијата се повторува. За неколку години е попаметен, дисциплиниран и станува ценет готвач.
2014-та: Љупчо го праќаат кај училишниот психолог, кој потоа го праќа на психијатар, кој пак му препишува моќни седативи. Добива потврда дека е дете со посебни потреби а неговите родители почнуваат да добиваат додаток за деца со посебни потреби. Тој се соживува со улогата на болен човек и години потоа посетува психијатриски установи.
Ситуација 3: Влатко го боли глава и за на училиште зема неколку аспирина.
1981-ва: Од учителката добива чаша вода за да ги испие таблетите.
2014-та: Наставничката го известува училишниот психолог дека Влатко зема некакви таблети, психологот му кажува на директорот а тој повикува полиција. Влатко завршува на сослушување заради можност да поседува дрога, а дома му прават претрес. После тоа уште долго се зборува дека е наркоман.
Ситуација 4: Играјќи со топката Иван случајно го крши прозорецот на соседите. Татко му му дели воспитни мерки со каишот.
1981-ва: Иван е повнимателен кога си игра, и израснува во нормално момче, завршува училиште и станува успешен претприемач.
2014-та: Таткото на Иван завршува зад решетки заради злоставување на дете а Иван е згрижен во друго семејство. Со тек на време Иван станува член на локална банда и малолетен криминалец. Психологот ја уверува сестрата на Иван дека најверојатно и таа била злоставувана како дете, па нивниот татко 3 години останува во затвор.
Ситуација 5: Михајло полни конзерва со барут кој го извадил од неколку петарди, и со експлозивната направа разнесува мравјалник.
1981-та: Мравките градат нов мравјалник.
2014-та: На лице место доаѓа полиција, војска и специјални единици кои Михајло го сомничат за терористички акт. Луѓето од органите за државна безбедност се вклучуваат во истрагата и родителите на Михајло ги испрашуваат детално, им ги запленуваат компјутерите а останатите деца привремено ги носат на побезбедно место. Таткото на Михајло станува државен непријател и добива забрана за вработување во државна служба.
Ситуација 6: Додека си игра, Душанка паѓа и ги повредува колената. Додека плаче, и приоѓа наставникот, ја прегрнува и ја погалува за да ја утеши.
1981-та: На Душанка веднаш и е подобро и продолжува да си игра.
2014-та: Наставникот го обвинуваат за непочитување на правото на детето на телесен интегритет и непримерно допирање на малолетник. Луѓето почнуваат да се сомневаат дека е педофил и се сослушуваат и останатите деца во училиштето за да се утврди дали недолично ги допирал. Наставникот е суспендиран додека не заврши истрагата. По неколкугодишен процес на крајот наставникот добива условно. По неуспешна жалба, случајот завршува пред европскиот суд. Душанка, како жртва на злоставување, редовно посетува психијатар.