За рангирањето тие прават споредба меѓу САД и членките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР), "која претставува група на 20 најразвиени демократии." На нејзин список се Британија, Франција, Германија, Јапонија, нордиските држави, Канада и други.
Во меѓусебната споредба, Америка има:
- највисока стапка на сиромаштија, генерално и за деца
- најголема нееднаквост на приходи
- најниска социјална мобилност (преселување од една во друга група на приходи)
- најнизок резултат на индексот на ОН за "материјална добробит на децата"
- најлош резултат на индексот на ОН за еднаквост на половите
- највисоки трошоци за здравствена нега како процент од БДП-то, а и покрај тоа сите овие пари се придружени со највисока стапка на морталитет кај новороденчиња, најголема распространетост на ментални проблеми, највисока стапка на дебелина, најголема консумација на антидепресиви по глава на жител.
- претпоследно место на перформансите на учениците по математика и второкласни резултати по физика и читање.
- претпоследни по еколошки отисок по глава на жител
- најниска потрошувачка на меѓународен развој и хуманитарна помош како процент од БДП-то.
- најголема воена потрошувачка севкупно и како процент од БДП
- најголема меѓународна продажба на оружје
Целата анализа за пропусти кои ги довеле САД до ова ја има тука. Ова е видеото од Редакција: