УБОО МОЕ ГОЛУПЧЕ.
Нејќем да те сакалдисуем, ама срцево ми ќипе од муќе и сеќирације, ја когај слушам што ми кажуа за тебе!
Прееска го сретнав у "Чапчоо Сокаче" Петрета-Кандило од Колтук и ми кажуеше како те видел на корзо у Скопје со некоа караконџула, што на образите и бузете турила по пол ока белило и црвило.
Ти бар знаеш како сум наорлена на тебе, па тогај зошто ме тураш у гајле?
Зашто ми праеш таквија збрќе. Ја сум ти рекла: Нејќем да се влечем по тебе ка парталка и нејќем да ме пуцаш ка јојо.
Тија дејќе скопсќи, срчка да ги изеде, сараџа да ги отреби и рофија да ѓи дамлоса, што не остајле ни петел у чаршија раат, а камоли тебе, сурат мој напишан.
Кандило ми вика да не берем многу гајле и ич да не се сакалдисуем, зошто тија биле како короконџуле и оцерени ка будалинќе. Ако е ова вистина - арно, ама ако са оплакнати, еден дн ќе дојдем од апансас и когај ќе ѓи фатим, влакно на глава нема да им остаем, ќе ѓи искубем ка чафќе, и ќе ѓи напраем ка папајце.
Ама ми се чини и ти си за утепуење, зошто когај доаѓаш у Тетоо и когај ќе ти брбнем за ниф, ка очите да сум ти ѓи извајла. Ќе почнеш да ѓи пцуеш боштум абер немаш за ниф. Ќе ми речеш дека мораш да идеш на "Два Бреста" на фурна да наручаш за утрента пастрмајлије, иако ти убоо знаеш дека пастрмајлијете ги прае Драго Топалот.
Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќе па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај.
Имам многу да ти кажуем ама нејќем више преку писмо. Па те молим да дојдеш што побргу, жити мене, зашто више немоем да издржим појќе, сум станала ка кол лозјарски. За поздрав ти праќам по Славета "Цунибаба" малу орае, коштање, раќија џенарикојца, винце поткомиње и една кошница јабуќе.
Сега на крај те цунуе шиесе и шес пута твоата осантерисана,
Менча