На едно коло до крајот на сезоната, Тимо Вернер има 6 првенствени гола на 34 настапи, ужасен податок за шпиц на Челси и Германија, од кој не може да се испере ниту со хет-трик следниот викенд.
Челси го совлада Лестер со 2:1, а Вернер се истакна со други вештини, овој пат поразлични од промашување зицери. Му поништија гол од офсајд кој му донесе рекорд и даде гол со рака/глава. Да, со рака и глава истовремено.
Ова е неговиот гол од офсајд со кој стана рекордер сезонава на сите натпреварувања.
Timo Werner has been caught offside more times in all competitions than any other Premier League player this season (41) 😬 pic.twitter.com/PXoe7C84gQ
— Goal (@goal) May 18, 2021
А ова е неговиот чуден гол со чудно поставување на телото кој му го поништија со ВАР. Како ли успеа вака да ја погоди топката? Фалеше уште со колено да ја удри, но добро, не може секој да биде Марадона.
Неговите очајни бројки беа инспирација за Дејли Мејл да му ги стави во наслов:
А меѓу другото доби заслужени критики и од страна на Грем Саунес:
„Неговите бројки за напаѓач се страшни, а секогаш изгледа како да добива шанси затоа што е брз, електричен и би победил повеќе луѓе во спринт. Беше одличен стрелец пред да дојде во Челси и не можеше да бидете задоволни ако најдобар стрелец ви е Жоргињо, кој е играч од среден ред. Мора да најдат стрелец, без разлика дали ќе биде тоа Вернер или Хаверц или некој што ќе го донесат. Едноставно мора да најдат голгетер и мислам дека тоа е последниот дел од сложувалката за нив“.
Тимо го направивме македонски државјанин, а се појави снимка како го реметат и неговите.