Македонија синоќа не победи на среќа, туку со заслужена тактичка и мудра игра, како и врвен пристап. Среќа имаа Германците што не загубија поубедливо. Прво затоа што добија поклон пенал, а второ бидејќи судијата потоа не ни свирна чист пенал.
По тие две судиски неправди, сигурно сите почувствувате најмногу бес во 80-та минута кога изгледаше дека е готово. Но Тимо Вернер се ушепртља сам пред гол и утна зицер. Ете тоа е таа карма која ја потврди Елмас само пет минути после срамот на германскиот напаѓач.
Ќе беше голема неправда и незаслужено Германија да поведе 2:1. Така што денеска напенален на социјалните мрежи е Тимо или Тимотеј Вернерски на кој му извадивме лична карта по брза постапка.
Добар дечко си ти, истото ќе го речат и навивачите на Челси. 5 гола на 28 настапи во Премиер откако те купија за 60 милиони евра. Исто и матичниот број ти е јак и брзо се памти.
Стисни на ентер да се видиш тука.
И Висар ти се чудеше.
The Macedonian player after Werner’s miss 😭😭😭 pic.twitter.com/jL0TvNxC8s
— Tyler🖤 (@tylerranger22) March 31, 2021
А јакото е што и Германците ја објавиле спрдњата.
И за крај: