Нов ремет за Тимо, овој пат од Жиру и Куртоа фатени на камера

После промашен зицер Тимо Вернер подобро нека не пушта нет, бидејќи тек тогаш ќе се депримира кога ќе види колку го зборат. Плус ова видео може да ја наруши атмосферата во Челси, бидејќи на него се мајтапат негов колега со бившиот голман на Челси.

На полувремето од мечот Реал - Челси во потрибинскиот простор, камерите уловија една интересна конверзација меѓу Жиру и Куртоа, која кој би рекол дека би се случила да не постоеше доказов.

Напаѓачот на Челси му ја спомнува на Куртоа одбраната која ја имаше при зицерот на Вернер.

А овој му демонстрира дека тоа било локум одбрана и му одговара дека само ја поставил ногата.

Видео од моментот кој сигурно нема да му се допадне на Тимо.

Го искинаа човекот од заебавање, па дури и му го измонтираа видеото од чистата промашена шанса, ама на божемски дека погодува.

Ако Тимо Вернер пукаше во Тупак, знаете ли овој колку години ќе имаше денес?

29 април 2021 - 12:58