Само во првите 15 минути од полуфиналето Сити имаше речиси 80% посед на топка и 124 комплетирани додавања наспротив 13 на Реал. Го наполнија со 4 парчиња европскиот првак, а Куртоа му спречи хет-трик на Халанд кој пропушти три 100% шанси. 7:0 ќе беше огромно понижување.
Челси може да жали што не успеа да ја анулира негативата од 0:2 на Бернабеу уште во првото полувреме. Н’голо Канте и Марк Кукуреља не реализираа чисти 100% шанси.
Актуелниот и 13 кратниот шампион на Европа приредија драма за сите пари, долга 120 минути. Кога кралевите имаа резултат за полуфинале, Тибо се коцкаше малку пред гол, тоест правеше шоу. Хаверц велат дека уште клиза на Бернабеу.
Фајнал Форот на Лига на Нации помина некако во сенка на квалификациите за Светско првенство. Трофејот го освои Франција која во финале после сомнителен гол од офсајд ја совлада Шпанија после пресврт 1:2. Италија заврши трета откако ја победи Белгија во за Тибо Куртоа бесмислен меч.
После промашен зицер Тимо Вернер подобро нека не пушта нет, бидејќи тек тогаш ќе се депримира кога ќе види колку го зборат. Плус ова видео може да ја наруши атмосферата во Челси, бидејќи на него се мајтапат негов колега со бившиот голман на Челси.
Фудбалерите на Ливерпул бркаат победа од 2:0 за да го елиминираат Реал и да влезат во полуфинале. Епа веќе можеа да ја стекнат предноста уште во прво ако не промашеа толку многу шанси и ако Тибо Куртоа не се фрлеше како мачка.
Реал и Атлетик Билбао одиграа супер дерби. Крос го отвори резултатот, Капа израмни на 1-1, а Бензема со два гола ги постави конечните 3-1 за 3 бода. Ама малку фалеше да биде поинаку.
Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.
Најдобриот белгиски и можеби европски голман, Тибо Куртоа има намера преку проверени методи со отсуства од тренинзи и натпревари да го присили Челси да крене раце од него и да го продаде. Но што ако клубот се заинаети и го стави да брани за младинците цела сезона?
Мајкл Питер е голман кој за својот 10-ти роденден сакал само еден подарок за кој дома му се смееле дека може само да го сонува бидејќи е малку нереален. Малиот добил и повеќе од тоа, благодарение на Тибо Куртоа.
Еден од најдобрите светски голмани во моментов, Белгиецот Тибо Куртоа кога и да брани за репрезентацијата, за време на интонирањето на химната во еден момент ја чепка брадата со ракавиците. Ај еднаш, ај два пати, ама нон-стоп?
Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.
Тимот на Антонио Конте продолжува со одличната победничка серија во Премиер лигата и се држи на +6 од Ливерпул и Арсенал. Сите честитки за вчерашниот гостински триумф против Сандерленд одат кај Тибо Куртоа кој оваа интервенција ќе си ја гледа на најавните шпици.
Никола Миротиќ од Чикаго Булс против Тибо Куртоа од Челси. Црногорецот го тестираше белгискиот голман и за малку не го доби двобојот, но изненади со еден негов потег.
Фудбалските работници често велат дека за да бидеш голман, треба да си будала. Обично тој што ќе ја добие „единицата" влегува во прв состав, а „12-та" дреме на клупа. Конкуренцијата наредната сезона во некои клубови ќе биде многу поголема поради Јужноамериканците кои блеснаа на Мундијалот.
Дебитираше за репрезентацијата на Белгија на пријателски меч против Франција во октомври 2011 година и со тоа стана најмладиот голман кој со 19 години настапил за оваа селекција. Од тогаш бележи 21 настап за својата земја и не губи ниту еднаш.
Екипата на Атлетико Мадрид по продолженија го победи Реал Мадрид со 2:1 и ја освои титулата во Купот на кралот, а еден од најзаслужните за овој трофеј беше голманот Тибо Куртоа кој се истакна со оваа одбрана во 108-та минута.