22 годишниот Тибо Кутоа е непобедлив голман со 15 триумфи и шест нерешени средби на 21 меч, а со него селекцијата на Белгија има дадено 35, а примено 12 погодоци. До сега во Бразил прими само два гола, едниот од Алжир, а другиот во осминафиналето од САД и тоа дури во продолженијата.
Во неговата успешна серија незатресена ја зачува мрежата во двобојот со македонската фудбалска репрезентација во рамките на квалификациите за Мундијалот во Бразил.
Утре нека му ја мисли Меси како ќе му даде гол, затоа што на последните седум дуели помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид тоа не му успеало.