
Тибо Куртоа е во одлична форма во дресот на Атлетико Мадрид. Оваа сезона тој успеа да ја зачува својата мрежа на 8 натпревари. Колку за споредба, Касиљас не прими гол на 6, а Валдес нема примено гол само на 4 натпревари оваа сезона.
По неколкуте добри натпревари, фановите почнаа да ги величат одбраните на белгискиот голман кој е позајмен од Челси и по примерот на "planking" се фотографираат во поза на голманска парада.