Реакциите откако Зидан го стави син му да брани за Реал и прими два гола

Во 29 коло од Ла Лига на мечот Реал Мадрид - Уеска имаше големо изненадување откако на теренот се најде 20-годишниот Лука Зидан, син на тренерот на домашниот тим.

Реал Мадрид лани го купи младиот руски голман Андреј Лунев кој беше предвиден за трет голман после Куртоа и Кејлор Навас, но во меѓувреме Зинедин Зидан го прати Русинот на позајмица и за трет голман го постави Лука Зидан.

Ваквиот редослед меѓу голманите беше и со тренерот Солари кој не се реши да го враќа Лунев од позајмица, а така е и откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал. Претходно кај Хулен Лопетеги, малиот Зидан не само што не бил на клупата, туку и тренирал одделно од тимот, со младинците.

Минатиот викенд, пред мечот со Уеска се испостави дека Тибо Куртоа е повреден, а резервниот голман Кејлор Навас штотуку се вратил од репрезентативните обврски и далечни патувања со Костарика, па му требало одмор по напорите.

Во таква ситуација се отвори можност да дебитира 20-годишниот Лука Зидан кој прими два гола од кои првиот дури во 3’ минута. За среќа на Зидан, Реал славеше на крај 3:2 со гол на Карим Бензема во 89’ минута од мечот.

И покрај тоа шпанските новинари имале неколку прашања до тренерот на Реал после мечот, а Зизу коректно одговарал.

КОЈ Е ЛУКА ЗИДАН?

Тој е еден од четирите сина на Зинедин. Сите четворица професионално се занимаваат со фудбал, но само Лука решил да биде голман а не играч. Во академијата на Реал почнал да тренира во 2004 година на 6-годишна возраст.

Кога подпораснал, тренирал и бранел за младинците а кога татко му стана тренер на вториот тим на Реал (Кастиља), Лука бил прекомандуван во оваа категорија.

Тој не е стандардно висок за голман - има 183 сантиметри, но затоа има одлична ножна техника. Лука уште од мал добро играл мал фудбал, во соблекувална редовно жонглира со Марсело и смело излегува надвор од шеснаесетникот. Тоа во Реал Кастиља неколку пати го чинело да прими гол поради лоша проценка.

Зидан-јуниор веќе еднаш се најде во составот на првиот тим на Реал во Ла Лига и тоа во последното коло од сезоната 2017/2018 против Виљареал кога прими два гола а мечот заврши 2:2.

КАКО ЗИДАН ГО ОБЈАСНИЛ ПУШТАЊЕТО НА ЛУКА ВО ПРВИ 11

Главниот тренер на Реал по тешката победа на Уеска објаснил дека Куртоа не можел да брани поради повреда, а Кејлор Навас бил исцрпен поради репрезентативни обврски.

„Кога му дадов шанса на Лука, тоа не беше поради тоа што ми е син, просто добив можност да ставам на терен дете на Реал Мадрид. Тој има карактер и 16 години е во клубот. Не го зборувам ова како татко, туку како тренер: Лука е доволно зрел и технички спремен да брани. Не се плаши и тоа ми се допаѓа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Training day, ya pensando en @laliga ⚽️💪🔥. #halamadrid #alegria

A post shared by Luca Zidane (@luca) on

Лука е трет голман. Куртоа не беше спремен да излезе на терен, а Кејлор по репрезентацијата требаше да здивне, па затоа го ставив третиот голман од почеток. Среќен сум за него, за неговото деби кое заврши победнички“, објаснил Зидан.

Лука имал една одлична одбрана, но примил два гола, нешто што е редовна појава за Реал сезонава.

Зборовите на Зидан може да се толкуваат како искрено, затоа што тој и по враќањето на клупата, активно го ротира составот: во првите два натпревари откако се врати, тој комбинирал 19 фудбалери. Новинарите сметаат дека тоа е како генерална проба во сезоната која веќе е неуспешна:

„Нема никаков кастинг, јас секогаш се трудамд а изберам состав кој има најголеми шанси за победа. Просто после репрезентативната пауза, важна е ротацијата: некој остана во базата и две недели тренираше, па вреди да им се даде шанса. Невозможно е да играте цела сезона со 11 играчи“, појаснил Зидан.

ШТО ВЕЛАТ ВО ШПАНИЈА?

Најголемите медиуми меѓу кои Марка и АС имаа само пофални зборови за младиот Лука Зидан.

Марка контактирала и други познати голмани за мислење:

„Многу е важно да имаш играчка пракса. Кога си трет голман сфаќаш дека нема да добиеш многу шанси, па секоја добиена сакаш да ја искористиш максимално. Лука ќе биде елитен голман долги години, тој е одличен како човек и како голман“, рекол шпанскиот репрезентативен голман Кико Касиља.