Најдобриот белгиски голман, Тибо Куртоа отворено и со доза на фрустрација зборуваше за тоа колку е глупав и бесмислен натпреварот за трето место во Лига на нации. Неговата Белгија прво во полуфинале иако водеше со 2:0 изгуби 2:3 од Франција а после и во меч за трето место беа поразени 2:1 од Аѕурите во Торино.
„Овој натпревар се играше само за пари, да бидеме искрени. Игравме за УЕФА да заработи повеќе пари. Гледајте како двете селекции ги сменија своите состави. Во финале би играле други фудбалери. Тоа ви кажува дека играме премногу натпревари“, со право се лутеше Куртоа.
🗣 "They don't care about the players they just care about their pockets."
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) October 11, 2021
Thibaut Courtois accused UEFA and FIFA of prioritising money over player welfare after Belgium were beaten 2-1 by Italy in the Nations League third-place play-off 👇pic.twitter.com/6yhyEI17mf
Со Италија во неделата не играа Еден Азар и Ромелу Лукаку кои беа ослободени од селекторот да се вратат пред време дома.
Куртоа уште пред полуфиналето со Франција зборуваше за бесмисленоста на мечот за трето место. „За тоа кој ќе стане трет во Лига на нации, не разбирам зошто воопшто се игра овој меч“, рече чуварот на мрежата на Реал Мадрид и додаде:
„Следната година не чека Светско првенство во фудбал во ноември, а ние до јуни ќе продолжиме да играме за клубовите. Ќе има повреди. За фудбалерите никој не мисли. Во јуни ќе има уште четири меча во Лига на наци а после двонеделен одмор. Ама малку е за фудбалерите за да може да играат на највисоко ниво 12 месеци.
Ако не прозбориме за тоа, сè ќе остане исто. Они (УЕФА) настапи против Суперлига, ама го прави истото. Додава натпревари, нови турнири, Лига на Конференции или како и да се вика. Секогаш едно исто. Може да се лутат на екипите кои сакаат Суперлига ама УЕФА не мисли на играчите, само на своите џебови мислат“.
Лесно може да се разбере мислењето на Куртоа за Светско првенство на две години:
„Сега заговараат и Светско и Европско секоја година. А кога ќе имаме одмор ние? Никогаш. Секако дека тоа ќе влијае на повреди кај играчите. Ние не сме роботи. Имаме се повеќе натпревари а се помалку време за одмор, ама никој не му е гајле за тоа“.
ДРЗОК И НЕОСНОВАН ОДГОВОР ОД ВАН ДЕР ВАРТ
Ветеранот од Холандија кој играше и за Реал Мадрид и за Тотенхем, неочекувано ги напаѓа актуелните фудбалери. Неодамна за Тимо Вернер изјави дека е како слеп коњ а за Шпанија на Евро 2020 рече дека е ужас.
Сега се фати за Куртоа:
„Според мене ова е срање. Имате одмор пола година. Играте само фудбал а клубовите ви плаќаат огромни пари. Да, календарот на натпревари е преполн, ама сите поминавме низ тоа. Натпреварувањето е највеселото нешто во фудбалот, така што он (Тибо Куртоа) просто само кука“, му возвратил Холанѓанецот на Белгиецот.