Први јануари, 2016. Новата година ја почнувам со многу повеќе елан, идеи и планови отколку минатата. Ми се чини дека најмногу работи во мојот живот сепак зависат повеќе од мене отколку од околностите.
Околностите треба да се создаваат, да се негуваат приватни и деловни односи со луѓето, да се чува здравјето и нервите, да се биде вреден трпелив.
Луѓето се жалат како е "лошо времето, лош амбиентот", заборавајќи дека времето и амбиентот го прават самите луѓе.
Еве докази. Замислите секој од нас да избере само две личности со кои ќе ги среди односите.
Првата да ја избере така што ќе биде сигурен дека таа личност е попаметна, подобра и поспособна од него, и на таа личност да ѝ ја подари својата доверба. Тоа е полесната задача.
Втората да биде онаа за која мисли дека му е рамна, или дури дека самиот е поискусен, помудар и поспособен од неа, и на таа личност да ѝ ја подари својата доверба.
Се разбира, врските не треба да се поклопуваат и повторуваат, ако некоја личност ве одбрала вас за првата врска, вие не треба да ја бирате за втората, и обратно. Секој треба да одбере две нови личности, без оглед што е претходно пронајден од некого.
Да речеме дека за овој процес, кој во повеќето случаи завршува со едноставна одлука, се потребни три дена.
Што вика математиката, ако само една личност го покрене процесот.
3 дена - 2 нови личности во нов однос, полн со почит и доверба.
6 дена - 4 лица
9 дена - 8 лица
12 дена - 16 лица
15 дена - 32 лица
18 дена - 64
21 ден - 128
24 дена - 256
27 дена - 512 лица
30 дена - 1024
33 дена - 2048
36 дена - 4096
39 дена - 8192
42 дена - 16384
45 дена - да заокружам бројки, полесно ми е да сметам - 32 000
48 дена 64 000
51 ден - 128 000
54 дена - 256 000
57 дена - 512 000
60 дена - 1024 000
63 дена - 2048 000
66 дена - 4096 000
69 дена - 8192 000
72 дена - преку 16 милиони луѓе би воспоставиле квалитетни односи, практично целиот регион за 72 дена би се претворил во поквалитетно општество, полно со меѓусебна доверба.
A за 3 месеци, целиот свет би станал кул. Така кажува математиката.
Е сега, дали сме во состојба за три дена да сфатиме који се тоа двете лица на кои ќе им пружиме и ќе ја прифатиме нивната доверба?
Има веројартно и онакви кои се толку тупави што би ја злоупотребиле оваа ситуација ама тие се тешко малцинство и брзо самите би се маргинализирале и на крајот би биле принудени да влезат во овој општествен алгоритам.
Среќна нова 2016 година.