Она кое Рамбо не го спомнува покрај сите тие стиропори, ленти и венецијанери е гушкањето со друго топлокрвно суштество. Го додаваме под број 14, во пресрет на декемвриските сметки.
Просечното домаќинство во Србија троши 3 до 5 пати повеќе енергија од нашите соседи, на пример, во Данска, кои живеат барем еднакво удобно со три пати помали трошоци за енергија. Бидејќи заштедата на струја, гас, нафта и јаглен истовремено значи и заштеда на пари и зачувување на животната средина, еве неколку совети за тоа како комплетно бесплатно, со малку вложен труд, да ги скратите вашите сметки за 10 до 30 проценти. Ако 20 до 30 евра во месецот не ви се важни, помножете ги со, на пример, 120 месеци или 10 години и ќе видите дека сте заштедиле помеѓу 2.400 и 3.600 евра. Ако и тоа не ви значи ништо, тогаш секоја чест, немојте да го губите скапоценото време читајќи го овој текст.
1. Утврдете дали ви дихтуваат вратите и прозорците. Ако воздухот струи низ процепите со него неповратно заминува и сета скапа енергија. Исечете лента од теписон и залепете ја под влезната врата и таа од терасата. Прозорците дихтувајте ги со гумени или алуминиумски ленти. Цената е смешна во однос на заштедата.
2. Греалките, калориферите и останатите грејни тела секогаш поставувајте ги во најладниот дел од куќата, под прозорците. За да ја спречите топлината да илезе надвор преку ѕидот, зад радијаторот или печката задолжително поставете лимена табла или стиропор.
Доколку печката работи на јаглен, нафта, дрва, со пламен, заборавете го стиропорот за да не се запалите. Сосема добро решение е лимена табла, капак од стар шпорет или слично.
3. Кога се туширате запушете ја кадата а водата испуштете ја дури кога ќе се олади по час/два. Штета е топлината да ја фрлате во канализација.
4. Задолжително покривајте ги тенџерињата и лонците. Ѓезвињата покривајте ги само ако имаат оригинален капак. Да не се изгорите. Проѕирните капаци се добри зошто се гледа кога водата врие.
5. Фрижидерот и шпоретот никако не ги чувајте еден до друг. Задолжително да има еден елемент меѓу нив. Глупаво е шпоретот да го грее фрижидерот. Преку замрзнувачот ставете подебел чаршаф кој дополнително изолира и штеди електрична енергија. Кога од замрзнувачот ќе вадите парче месо, ставете го во фрижидер. Додека месото се топи, ја лади внатрешноста на фрижидерот и штеди струја.
6. На влезната врата поставете закачалки за гардероба. Капутите и јакните се одлични изолатори и топлината нема да излегува низ вратата.
7. Плакарите задолжително поставете ги на „надворешните" ѕидови. Така добивате дополнителна топлотна изолација.
8. Бојлерот никако не треба да грее вода над 50 степени. Непотребно е.
9. Сијалиците заменете ги со штедливки. Како што ќе откажуваат тогаш заменете ги па нема да ви биде напорно а со својот работен век секоја сијалица се исплати повеќекратно. Купете од најдобрите, најдолго траат.
10. Гответе храна за два дена. Така шпоретот го палите два пати помалку а заштедувате и на време.
11. Почекајте да се наполнат машините за садови и алишта. Дури тогаш вклучете ги.
12. На прозорците свртени кон Сонцето на лето ставете венецијанерки а во зима темни завеси. Изолираат и ја привлекуваат сончевата топлина која ниту во зима не е занемарлива.
13. Текстов споделете го со пријателите. Со тоа им подарувате пари кои заради намалените трошоци ќе се појават во нивните паричници.
А сега, малку игра со бројки. Доколку во државата има, на пример, милион домаќинства и ако сите ги применат овие методи, месечно ќе се ослободуваат меѓу 20 и 30 милиони евра а на годишно ниво тоа се од 200 до 300 милиони евра! Тие пари секако би се трошеле на нешто попаметно од сметки за енергија. Би сакал да видам ваков или сличен текст заедно со сметката за струја и гас. На многумина парите не им паѓаат од небо и со задоволство ќе заштедат таму каде што се може.