Бескомпромисен, арогантен, откачен. Сè што може да се очекува од славен режисер, кој не се плаши да си го ризикува и животот за да снима во дождовните шуми на Амазон или на Антарктикот. Ако треба (за потребите на „Фицкералдо“) и да пренесе цел брод преку планина, среде перуанска џунгла. Е, тој нешто да ви каже.