Џордан Бернт Питерсон (1962) е клинички психолог и професор на Универзитетот во Торонто. Има напишано две книги - првата, „Мапи на значење: архитектура на верувањето“ од 1999, која ја пишувал тринаесет години, претставува сеопфатна теорија за тоа како конструираме значења, а содржи и толкувања на религиозни и митски модели на реалноста презентирани на начин кој е компатибилен со модерното, научно разбирање на функционирањето на мозокот. Втората, под наслов „12 правила за животот: антидот на хаосот“ наскоро се очекува да излезе од печат.
Во пресрет на објавувањето на книгата, Питерсон даде тричасовно (!) интервју за Рубин Рипорт, шоу кое се рекламира како „најдоброто во врска со слободниот говор и големите идеи на Јутјуб“, чиј водител е Дејв Рубин (постои и истоимен аудио подкаст). Во него ги споменува по ред сите 12 правила за кои станува збор во книгата. Еве го списокот, а за контекстот на секое од нив (ако не е очигледен) сепак е најдобро да се погледне целото видео подолу.
1. Стои исправено, со раширени раменици
2. Третирај се самиот себеси како некој кон кого имаш одговорност да му помогнеш
3. Биди пријател со луѓе кои ти го посакуваат најдоброто
4. Споредувај се со оној кој си бил вчера, не со некој друг каков што е денес
5. Не им дозволувај на твоите деца да прават нешто што ќе те натера да ги нејќеш
6. Пред да го критикуваш светот обиди се совршено да си средиш низ дома
7. Сакај го она што е значајно, не она што е ефикасно
8. Кажувај вистина, или барем не лажи
9. Претпостави дека човекот со кого разговараш можеби знае нешто што ти не знаеш
10. Биди прецизен во изразувањето
11. Не ги закачај децата дур си играат
12. Секогаш кога ќе наидеш на мачка на улица погали ја.
Списокот со минутажа за секое правило тука