Таг: живот

Може оваа планета е глупа, ама е ретко глупа

Ако во вселената гледаме за да видиме „бледосина точка“ како што нашата родна планета изгледа на онаа фамозна фотографија пратена во 1990 година од сателитот Војаџер 1, направена од оддалеченост од 6 милијарди километри - ќе се изнагледаме.

 

Сите ќе умреме: како стравот од смртта ни влијае врз однесувањето

Тројца психолози покажуваат како вознемиреноста од мислата на смртта свесно и подсвесно влијае врз нашиот начин на живот. Чувството е толку застрашувачко, што луѓето прават сè за да најдат некаква утеха и чувство за смисла, од трупање статусни симболи до формирање заедници со истомислениците.

12 правила за живот: антидот на хаосот

Kaко во свет во кој секојдневно се соочуваме со стресови да си помогнеме самите на себе, внесувајќи ред барем во нашиот внатрешен атар? Прво, колку и да звучи банално, со тоа што ќе се научиме да се држиме исправено - вели познат канадски психолог.

Апликации кои те потсетуваат дека ќе умреш

WeCroak (достапна за iOS за 0.99 долари) е апликација базирана на поговорка од Бутан, која вели дека за да се биде среќен, човек треба да мисли на смртта барем пет пати дневно. Звучи како корисна алатка за годината што претстои.

Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво

Научници од универзитетот во Порто Рико изготвија каталог на планети надвор нашиот сончев систем кои се потенцијално вселиви и погодни за живот. На нивното мени моментално има 32 планети.

Кога баш ништо не ти оди во животот

На Луј Ван Гал сезонава малку што му поаѓа од рака, па дури ни кога сака како човек да се напие вода.

Пипо Инзаги пак во офсајд

Поранешниот тренер на Милан во моментов е без работа, но и натаму зема плата од клубот кој му исплаќа пари поради предвреме раскинатиот договор. Во меѓувреме Инзаги ја потврди тезата за најголем шармер меѓу италијанските фудбалери. Треба да се дружи повеќе со Виери.

Типичниот американски живот, недела по недела

Секој има своја замисла како изгледа типичниот живот во Америка. За некого тоа се едноличните дворчиња и поштенски сандачиња, за некого бината на CBGB со Иги Поп на неа. Статистиката пак дава своја, не најбитна ама занимлива перспектива. Жално е колку најубавите години од животот имаат премал удел во целиот колач наречен живот.

Изумирањето на видовите

Изумирањето на некои видови живот на планетава е сосема природен процес. Неприродно е што тие денес изумираат 114 пати побрзо од нормалната стапка.

Да се живее со некој кој има умрено

Постои едно фрапантно ментално пореметување кое луѓето ги претвора во зомбија, во живи духови кои себеси се сметаат за умрени или пак длабоко веруваат дека никогаш не ни постоеле. 

Мајстори на играта

Повторно ден по ден, и пак, и претходниот, и следниот ден во кој црната хроника го преплавува медиумскиот простор. Брутално убиство на Балканот, неочекувано самоубиство на комичар во светот, двојно убиство насред кафеана во комшии и нова сообраќајна незгода во која гине мој сограѓанин, мој близок роднина.

ПОДАРИ ЖИВОТ

Мојот занает е најстар - рече самозадоволно хирургот, бидејќи е од моментот кога Господ го заспа Адама, и му го извади реброто за да ја создаде Ева.

Грешиш... се јави економистот. Пред таа операција што ја спомнуваш, Господ го создаваше светот, создаваше капитал и затоа велам нашиот занает е постар.

Не грешете душа... се огласи теологот. Па нашиот занает постои од кога постои и Бог, а Тој постои и пред создавањето, и пред операцијата.

А нели пред постоењето на Бога постоел само хаосот? - праша политичарот. А кој друг можеше да го создаде хаосот, ако не ние политичарите?

Со едно тело - седум животи

Давајте потписи додека свеста живот држи, животи спасувајте, транспланирајте се. Со вашите срца, бубрези, мои, твои, сечии - живот вечен во туѓи тела обезбедете. И не се срамете. Црквата и да даде прекор, небитно е. Дали си православец, католик или муслиман, исто е. Во јатото на Свети Петар помили ќе сте. На Кузман и Дамјан другари ќе стaнете.  Живот доле на земјата сте оставиле. Дарувајте рожници, срца, дробови бели, два пара бубрези... Картици донаторски отворете, живот нечиј така продолжите. Од сите крв тече, сите од мајчина утроба, излез во неизвесност бараме.

Совети за живот од луѓе во години

Што совет би им дал човек што е над 60 години на луѓе кои се два или три пати помлади од нив. На сите теми и општо за животот, од партнерот и парите, до болки во колената.