Изумирањето на видовите

Изумирањето на некои видови живот на планетава е сосема природен процес. Неприродно е што тие денес изумираат 114 пати побрзо од нормалната стапка.

Според вообичаената претстава за тоа како изумирањето на видовите се одвивало во историјата на Земјата, би биле потребни меѓу 800 и 10.000 години за да исчезнат сите оние видови кои сме ги изгубиле во последниот век. Со други зборови, светот со кој доминира човекот ги брише останатите видови живот со 114 пати поголема брзина од нормалната.

Според една нова студија од човек на Стенфорд, слободно може да се каже сме сведоци и протагонисти на шестото масовно изумирање на видовите во историјата на животот на нашата планета. Во последното, петто, изумреа динасаурусите а 65 милиони години подоцна постои опасност за уште една слична во која, доколку нарасне до исто толку драматични димензии, и  човечкиот вид ќе биде еден од оние кои ќе ги снема а потоа ќе бидат веројатно потребни милиони години за да се обвнови животот.

Причините за забрзаното изумирање нас видовите во последните 100 години се познати: уништувањето на природата во име на човековиот напредок, одземањето на земјиштето, труењето на водата и почвата и глобалното затоплување.

 

26 јуни 2015 - 09:27