- Луѓето секогаш ќе запомнат како си направил да се чувствуваат.
- Немој лично да ги сфаќаш работите. Немој да им даваш значење на други луѓе освен ако не сакаш да имаат значење. Ако тие пуштаат отров / негативност, ТВОЈ е изборот дали ќе го консумираш тоа или не.
- Ако му се налутиш на твојот партнер или на некој друг, едноставно замолчи и почекај едно 10 минути да се оладиш. Откако ќе се смириш: разговарај со нив разумно и без обвинување. Кога еднаш ќе ја научиш оваа вештина, ретко ќе се лутиш и ќе избувнуваш.
- Секогаш движи се, дури и да е само одење.
- Се' е авантура ако си решил така да биде. Ставот е се'.
- Колената се важни, внимавај на нив.
- Предметите се само предмети. Наместо тоа собирај време.
- Редовно мијте заби. Проблемите со заби се ужасни.
- Зглобовите што ќе ги оштетиш денес, ќе ти се осветат на стари години.
- Додека си млад јади како дијабетичар со срцев удар - за да не станеш таков на стари години.
- Немој да се колнеш во ничиј совет. Можеш некого што го почитуваш да го прашаш за совет, и потоа разгледај ја сопствената ситуација и донеси сопствена одлука.
- Никогаш немој да ти биде страв да побараш поголема плата. Ќе ти биде потребно за подоцна.
- Пријателите се малубројни. Ќе ги препознаеш кога ќе ти требаат и ќе бидат таму за тебе.
- Не го купувај.
- Носи го додека не се излити.
- Слушај повеќе отколку што зборуваш. Под "слушање" не се подразбира да чекаш другиот да замолчи за ти да можеш пак да почнеш да зборуваш.
- Немој да се плашиш да правиш грешки.
- Љубомората уништува врска. Верувај му на твојот сопруг/а.
- Внимавај на здравјето и на парите. Ако сега се здебелиш ќе биде многу потешко подоцна да ослабеш, ако сега се навикнеш да јадеш калорична храна, така и ќе продолжиш. Штеди ги сега парите и не заглавувај сега се кредити. Штеди за да можеш да ги купуваш работите во готово.
- Да знаев дека оволку долго ќе живеам подобро ќе внимавав на себе.
- Правата работа е работа која ја сакаш во одредени денови и можеш да ја толерираш во најголемиот дел од времето, а се уште да плаќаш сметки.
- Моето семејство е единственото нешто за што се грижам.
- Читај како чудовиште.
- Престани да трошиш пари на глупости.
- Твоето семејство и твоите пријатели се клучни за твоето ментално здравје, обиди се да ги засилиш овие врски.
- Пиј (алкохол) се помалку и помалку.
- Очекувај сериозни проблеми по пат.
- Штеди доволно пари за да имаш за стари денови и во итни случаи, ама троши доволно за да не жалиш за работите што си ги пропуштил.
- Читајте книги. Не престанувајте да читате книги. Добри, лоши, забавни, тешки...
- Најважен човек во твојот живот е човекот кој се согласил да го сподели својот живот со тебе. Така треба да биде и третиран.
- Децата премногу брзо растат. Искористи колку можеш повеќе време со нив.
- Пријател ќе дојде да ти помогне и да му се јавиш во 2 часот наутро. Сите други се познаници.
- Никој никогаш не умрел жалејќи што не работел уште повеќе.
- Верноста го заслужува целиот труд.
- И ова ќе пројде.
- Лесно е да бидеш шупак, да бидеш добар често е тешко. Ама ништо нема да научиш од тоа што си бил шупак, а многу ќе научиш од тоа што си бил добар.
- Најдобро време да засадиш дрво е пред 20 години. Второ најдобро време е сега.