Како Вивијан Вествуд ја разбира сиромаштијата

На оние кои едвај наоѓаат начин некако да се прехранат, екстравагантната баба им порача да јадат помалку.

Вивијан Вествуд смета дека едноставно е решението за оние што не можат да си дозволат да јадат органска храна: треба да јадат помалку.

Симболично врачувајќи петиција во Даунинг Стрит против ГМО потпишана од 57 милиони луѓе, некој од присутните, на модната икона ѝ  дофрлил дека не сите можат да си приуштат скапа органска храна. "Тогаш, нека јадат помалку", возвратила Вествуд.

Новинари се обиделе да ѝ објаснат дека во ситуација кога многу луѓе во Британија едвај врзуваат крај со крај или се хранат во народни кујни, јадењето помалку не е решение, но, таа останала на својата вегетаријанска мантра.

 

 "Јас јадам овошје и зеленчук. Не јадам месо. Верувам дека месото е лошо за мене. А лошо е и за животните," рекла 72 годишната Вествуд.

 

Подоцна во радио интервју се дообјаснила дека со нејзиниот режим на исхрана многумина луѓе се дигнале и од инвалидска количка а и таа самата ја увидела предноста бидејќи веќе не била ревматична како порано.

13 ноември 2014 - 10:12