Таг: органска храна

Не-органска вс. органска храна

Една споредба вели: да се базираше потребата и корисноста на вакцините на приближно лабава наука како онаа на која се базира потребата и корисноста од органска храна, ќе гледавме како луѓе со вили и мотики бркаат доктори по улица.

Вие како сакате, ама органска храна не спречува рак

Додека алармирачкото ширење страв околу ужасните хемикалии во нашата храна само расте на популарност, реалноста е далеку поздодевна, објаснува за Гардијан епидемиологот од Сиднеј, Гидеон Мејеровиц-Кац.

Твоето органско млеко може и да не е органско

Еден од условите за американските органски млекари е на кравите да им биде дозволено секојдневно да пасат (во сезона на растење) - односно да бидат хранети со трева и да не бидат затворени во штали. Во земја во која органскиот пазар годишно вреди 40 милијарди долари излезе дека ова е речиси неизводливо.

Купувањето органски зеленчук во супермаркет е фрлање пари

На американски пазар, по бројки од неколку организации, органската храна е 47% поскапа од регуларна храна. Тоа не значи и дека поскапата храна е и за толку поквалитетна, ниту пак дека нејзиното производство е толку поскапо.

Од "органско" си патиме

Анкета од септември годинава покажала дека речиси 70% од потрошувачите купуваат некаква органска храна. Од овие, само 20% знаеле да дефинираат што е тоа органско.

Како Вивијан Вествуд ја разбира сиромаштијата

На оние кои едвај наоѓаат начин некако да се прехранат, екстравагантната баба им порача да јадат помалку.

Колку е лесно да измамиш луѓе со "здрава храна"

Заради општата параноја-френдли клима во која живееме и медиумски индуцираниот страв од сешто, "здравата храна" е една од оние теми кои веднаш привлекува интерес. Истовремено, темата е многу податлива за шано-мано и тоа не само во земја во која две надлежни институции со недели не можат да се согласат дали има или нема листерија. Да видите само како и експертска Европа лесно паѓа на оваа финта.

Едно големо органско ништо

Нутриционистички и здравствено, разликата меѓу органската храна и регуларната е во тоа што оваа првата е поскапа за производство и поскапа за купување. И ништо друго. Плус, не постои никаков начин да се прехрани човештвото, без користење на конвенционалниот не-органски начин на одгледување на храната.

Органски арогантна храна

Ако некогаш ви се причинило дека луѓето што купуваат органска храна се малку препотентни и арогантни, сега имате и психолошко истражување според кое ништо не ви се причинило.