За цената
Студија на темава открива дека "премиум" маржата на органската храна е меѓу 29 и 32 проценти, иако на органските земјоделци им треба максимум 7% поголема маржа од регуларните, за да бидат на нула.
За пестицидите и ѓубривото
Тоа што е органско не значи дека во одгледувањето не се користат пестициди и ѓубриво, туку дека се користат нивни природни варијанти, кои не се без ризик.
Студија од 2010-та, открива дека дел од органските пестициди можат да имаат поштетно влијание на околината околу конвенционалните. Сосема друга студија открива дека затоа што органското земјоделие во најголем дел отпаѓа на огромни корпорации, помалите приноси во комбинација со тешка машинерија, значат и ослободување на повеќе штетни гасови во атмосферата, отколку конвенционалното земјоделие.
За здравствениот ќар од органска храна
До сега достапните научни материјали покажуваат многу мали прехранбени бенефити од органската храна.
Прво, мета-анализа од 2009-та покажа дека нема никаква прехранбена разлика меѓу органска и конвенционална храна. Потоа во 2012-та друга студија откри делумно повисоки нивоа на фосфор во органските производи, а во студија од 2014-та беа најдени во повисоки нивоа на антиоксиданси и пониски нивоа на кадмиум.
Проблемот со ваквата споредба е што има толку голем број на варијации во органските и конвенционалните системи за производство, што секоја општа споредба не е методолошки издржана.
За вкусот
Заради тоа што вкусот зависи од премногу фактори (начин на превоз, складирање, време на купување...), не можеш да очекуваш, ниту некој може да гарантира дека органската храна ќе има подобар вкус.