„Вмрежи се" од албумот „Животот е рај" (2010) го опишува светот во кој социјалните мрежи создаваат илузорно чувство на социјализираност и исполнување на некаква етичка обврска - нашиот свет. Оние кои учествуваат во „мрзоактивистички" кампањи имаат чувство дека влијаат врз светот само затоа што, на пример, потпишале онлајн петиција. „Мрзоактивизмот" совршено одговара на навиките на физички, а и ментално инертните, на кои кликањето им е единствениот релевантен општествен придонес: зошто би се мачеле со каква и да е друга форма на aктивност која може да биде корисна (од просто готвење за нас и пријателите, до организирање акции за собирање прилог за погодените од земјотрес), кога е доволно тоа што некому сме му направиле ретрвит?
Откако го кажавме сето ова, ја користиме приликава да ве поканиме - Join the Bookbox group, on Facebook.
ВМРЕЖИ СЕ
Добро се чувствувам
во својата кожа,
во својата куќа
Мојот интернет работи беспрекорно
мојата страница е апгрејдирана
Добро се чувствувам
додека крвта капе од екраните,
додека се разнесуваат
бомбаши самоубијци
додека ги собираат децата во чаршафи
по багдадските пазари.
Добро се чувствувам затоа што
јас и моите соборци
го возвраќаме ударот
на глобалниот империјализам
Затоа не чекај ни миг
Join the groop on Facebook
Добро се чувствувам
додека педофилијата цвета
Додека малите газиња
минуваат преку мојата плазма
Добро се чувствувам
затоа што сум потписник на петиција
Мојата тастатура е убојно оружје
јас укажувам, јас опоменувам,
јас протестирам.
Добро се чувствувам затоа што јас
и моите револуционери
го начекуваме злото во заседа
На ебено дизајнирана страница
Затоа не чекај ни миг
Join the groop on Facebook
I was tagged on a photo
If you want to see a picture
Click on the link bellow
And fuck the sister mother fucker
Jump, jum
јој.
Дамир Авдиќ - Граха