"Има нешто заради што луѓето кои купуваат органска храна се чувствуваат подобро во врска со себе. И тоа веројатно малку ги прави кретени, претпоставувам," изјавил авторот на истражувањето и професорот на универзитетот Лојола, Кендал Ескине.
Тој го започнал истражувањето откако му паднало сомнително дека самиот маркетинг на органската храна им помага на купувачите да се чувствуваат препотентно и добро за себе.
"Забележав дека органската храна се рекламира на основа на морал и ме интересираше дали ако луѓето ги изложиш на органска храна, тоа ќе направи да почнат да се чувствуваат добро за себе, заради моралните и еколошките одлуки кои ги донеле," објаснува професорката.
Во истражувањето 60 луѓе биле поделени во 3 групи. Една која гледала слики од органска храна, друга која гледала колачи и торти и трета која гледала во "неутрална" храна како сенф или овесна каша. Подоцна "органската" група многу посериозно ги оценувала луѓето во измислени ситуации, а биле и повеќе подготвени да му помогнат на непознат човек.
"Луѓето може се чувствуваат како да направиле добро дело, па сметаат дека подоцна имаат дозвола да се однесуваат неетички врз основа на истото," вели професорот.