Ај на табла

Мухамед сака да се пребројуваме

Ако нејќе Мухамед да му пише на Трендо, Трендо ќе му пише на Мухамед.

Се вика Мухамед Халили, доаѓа кај нас на сајт и пребројува што има албанско.

Очигледно друго не го занима. Ни спортско, ни културно, ни книжевно ни политичко ни информативно ни музичко ни гастрономско ни озбилно ни заебантско ни голо ни облечено ни турско ни каурско.

А-Л-Б-А-Н-С-К-О!

И ако некогаш види дека во еден ден сме имале дури ДВАПАТИ пишано за неговиот единствен фетиш (А-Л-Б-А-Н-С-К-О) на Мухамед му прекипува и решава да го сподели своето откритие кое му се укажува во форма на епифанија (албански: pagëzim). Не сме пишувале за политика (Кој ти кажа бе тоа?) ама сме имале два пати за албанскиот!

Нормално, знае тој за што се работи, пари легнале :)

Ок, дој бе сега срцка да се преброиме. Ако знаеш да броиш двоцифрено, земи стапче и удирај цртки. Ова ти е скриншот од алатката за нашиот сајт и ти покажува што е објавено денес (7-ми март 2017), откако сум дошол на работа (8 часот наутро) до пладне (12 часот). И што од тоа сум објавил јас (другиве дечки подоцна запнуваат).

Успеа? А пази, на пола работен ден сум.

Така тоа „легнувале пари“.

Јебале вас и пари и мрза и неспособност и сељачизам.

Жими ја.

*******

Се разбира, не се откажуваат вакви од прва. Бугарската дефиниција ни се чини најпрецизна: Т'п и упорит. Сега бомбите му фалеле.

Оти па, in the first place, ако ние не ги објавевме, ќе беше нашиот драг слепец во информативен мрак во врска со бомбите.

А со бомбите, фактите кај нас стојат вака.

Ниедна :)

Никогаш нема да ни стане јасно како мислат вака да истераат живеачка ваквите? Глупи а злобни, со килави подлажнувања, со лесно проверливи трачеви кои си ги лаат во друштво, сами јавно да си ги спуштаат гаќите па после да се прават жртви ако им се види срамот?

Пред да побара и трето полувреме во кое ќе пребројуваме крвни зрнца, ја прогласуваме утакмицата со него за завршена. Ајт гитла.

7 март 2017 - 13:30