Двајца Холанѓани решаваат да го тестираат познавањето на прехрамбените експерти и упатените луѓе докажувајќи дека дури и таквите не можат да разликуваат органска храна од џанкфуд од Мекдоналдс.
Успеваат да измамат дузина експерти.
Користат еден угледен европски саем за храна каде нудат "специјалитети" од својот "префинет ресторан" во кој се служеле само "органски алтернативни на брзата храна'.
"Проблем е што ние немаме таков ресторан", вели еден од нив.
Тркнуваат до Мекдоналдс, купуваат вагон храна, ја преправаат во канапеа и како органска им ја нудат на присутните познавачи на здравата исхрана.
Реакциите на "познавачите" се крајно фасцинантни, кога ќе видите како суптилно ги проценуваат финесите на она што го јадат, не знаејќи дека сето тоа доаѓа од омразениот Мекдоналдс.
"Структурата е добра, да. Не е премногу лепливо", гласи оценката за маскираниот McMuffin.
А за да ја прикажат целата гротесксност на оваа сцена, двајцава мајтапџии дури ги замолуваат познавачите да кажат во што е клучната разлика меѓу "органската' храна која во моментот ја јадат и храната која се нуди во - Мекдоналдс.
"Дефинитивно ова има подобар вкус", вели една. "Просто веднаш можеш да почувствуваш дека ова е многу почисто,' стручно проценува друга жена од штанд кој нуди органска храна.
Погледнете го видеото:
(клик на иконата меѓу часовникот и запчаникот за пуштање превод на англиски)