Спотот за песната го снима на 30-ти мај 1991-ва и намерно е црно-бел за да не се забележи сè полошата состојба на Фреди (подоцна излегува и колор верзија).
Ова е последното видео во кое се појавува Фреди.
Тој не го дочекува ни крајот на 1991-ва, умира на 24-ти ноември и никогаш не стигнува да ја испее песнава во живо. Првата изведба во живо на песнава ја имаат Џорџ Мајкл и Лиза Стенсфилд, на трибјут концертот за Фреди Меркјури на 20-ти април 1992-ра.