Поетски врвови (и дна)

Најглупи текстови кај нас и соседите

Порталот trojka.rs објави список на „најимбецилните“ текстови на српски песни. Пренесуваме дел oд нив, а излегуваме со предлози и за некои од домашните. Ги очекуваме и вашите.

Песна за природата и приоритетите (ПП)

„Твоје је свако дрво
ал чекај да урадим нешто прво"
(Дара Бубамара, Чао аморе)

Пркосна кон физиката

„Моје сузе падају на горе"
(Цеца, „Пиле")

Песна напишана под дејство на партизански магични печурки

„Хитлеровом сину сада гријеш питу
бацила си моју од зумбула киту
постала си дама црног куплераја
а ја ќу да хладим Труманова јаја"
(Плави оркестар, „Фа Фа фашиста немој бити ти")

Уште една перчуркарска

„У шумици расте храст, па смо се ми баш
у сласт печурака најели
шта нам фали фали"

(Џогани, Гљива лудара)

Семејна

„Беж Милане, моја ружо
чале ми се наоруж'о
у ваздух ќе све да дигне
не дај боже да те стигне!"
(Вики, „Беж Милане")

Песна за свадби и погреби

„Мој животе, дал си жив"
(Индира, истоимена песна)

Позитивна песна

„Ја волим коло, може и рок,
ниједна ми још није рекла јок!"
(Брзи, „Јок")

Феминистичка

„У Ваљеву сред мотела,
седи једна цура бела.
Лозу пије, дуван пуши,
'оќе здравље да наруши"

(Лазо Магистрала, „Ибарска")

Еве наши фаворити во конкуренција домашни поетско-музички бисери (фала на Иван Ш. и неговите енциклопедиски познавања на истите). 

„Чакмак" - Кенан Таировски

Еј девојко слатка
знам зошто ме гледаш
цигара ти се пуши
ама чакмак немаш.

реф.

Чакмак, чакмак, мојот чакмак
гори за тебе знај,
пробај, нема да се каеш,
душо верувај.

„Мафијаш" - Андријана Ацевска

Умот ми го шекна еден дотеран и згоден
и одма знаев дека за мене е роден
целиот живот барав таков дечко баш
но појма немав дека тој е мафијаш.

реф.

Злато, дијаманти
скапи фирми странски
сè за мене ми купи, ми купи тој,
о боже, баш го сакам вечно да е мој.

„Пари" - Рубинчо Благадуша

Таков ми е к'сметот
полно ми е ќесето
па си правам ќефови
везден празнам џебови.

по кафани лумпувам,
гардероба купувам
бакшиши на свирачи,
да ми свират до зори.

реф.

Пари, пари, сакам многу пари,
пари, пари, да возам и ферари,
да пијам виски, да љубам згодни жени
мене ништо нема да ме смени.

„Мисица" - Сузана Гавазова

Ти ме викаш цуци, цуци
баш ги сакам тие звуци
дел по дел па целото
нанананананааа
морници по телото
нананананананаааа

реф.

Нозе ко ножица, итра ко лисица
ајде злато број до сто
нозе ко ножица, твојата мисица
mwah (звук од бакнеж) и готово.

златни труби ќе ни свират
а ти биди мојот пират

(...)

може вака, може така
имаш многу вешта рака
леле мајко усните
нананананаанаааа
најслатки се пустите
нанананананананааааа

Бонус со актерски реплики и ангажирана монетарна тематика: Благица Павловска - „Пазар“

Хаусмајсторска, со разработена драматургија: Ефто Пупиновски - „Блаже, супер маже“

Вашите предлози испраќајте ги тука.

21 април 2013 - 18:13