
Помеѓу 10-ти и 13-ти век Северниот Атлантик поминал низ климатска аномалија – температурите биле за околу еден степен повисоки од оние на почетокот на 21 век. Европејците во средниот век се навикнале на жешки и суви лета и научиле како да преживуваат во нив. Денес, научниците сметаат дека нивното искуство во управување со земјоделството, храната и секојдневниот живот може да ни даде корисни лекции за одржливост.
Еве шест совети од средниот век за справување со горештините, кои и денес се многу логични (и не прават високи сметки за клима уреди):
Флексибилно работно време – Се започнувало со работа уште на зори за да се избегне најжешкиот дел од денот. Свештениците, рицарите и селаните ги приспособувале своите активности според летните услови.
Носење шапка – Шапките биле задолжителен дел од облеката, и поради практични и поради општествени причини. Во лето се носеле модели со широк обод за заштита од сонце.
Храна што освежува – Се јаделе салати и јадења зачинети со киселина (вински оцет, сок од незрело грозје или калинка), кои ја намалувале жештината во телото.
Капење во реки и мориња – Пливањето било популарна забава и начин за освежување, особено во преполните градови покрај Дунав, Рајна, Сена или Тибар.
Грижа за изгореници – Монасите и лекарите препорачувале природни средства, како ружина вода или билки, за смирување на изгорената кожа.
Бегство од жештината – Власта и богатите семејства ги напуштале градовите и се повлекувале во селски имоти или летни палати. За обичните луѓе тоа ретко било возможно.
Со други зборови, иако нивните методи биле различни од денешните, средновековните луѓе имале практични начини за да се справат со летната жештина – од организација на работата, преку исхрана и рекреација, до бегство во постудени предели. Само немале социјални мрежи да се жалат или да се фалат дека им е поладно отколку на другите.