Дали минералната вода е „природна“ ако е филтрирана?: новото прашање што и не е толку ново

Неодамнешен скандал со филтрирањето на познатата вода „Перие“ потсети на тоа дека прашањето околу тоа дали минералната вода е природно-природна ако е „чепната“ постоеле уште пред неколку векови. 

Пред неколку месеци француските медиуми Ле Монд и државното француско радио открија скандал поврзан со „Перие“. Компанијата филтрирала минерална вода поради страв од загадување на изворите, предизвикано од климатските промени и индустриска контаминација. Подоцна се дозна дека менаџери на „Нетсле“ (сопственик на брендот Перие) и француската влада се обиделе да ја прикријат ситуацијата, менувајќи прописи за да дозволат микро-филтрација.

Според правилата на ЕУ, за да се продава вода како „природна минерална“, таа мора да остане непроменета. Сега се очекува одлука дали ваквиот вид филтрирање се смета за незаконски третман – што би можело да значи крај на 160-годишната ознака на „Перие“ како „природна минерална вода“.

Ваквите прашања не се нови. Уште во 17-ти и 18-ти век Европа доживеала „бум“ на бањи и лековити извори. Во Англија, тамошните бањи станале центри на здравствен туризам. Тогашните лекари и научници расправале за тоа колку човечката интервенција ги менува природните својства на водата.

Студените извори често не се користеле за бањање (сметано за опасно поради климатските услови), туку за пиење. Лекари како Роберт Вити (1660) и Едмунд Дин (1654) тврделе дека минералните води имаат чудотворни лековити својства.

Во 18 век научниците започнале да експериментираат: ја споредувале водата од различни извори, ја загревале или филтрирале, и забележале дека таа брзо го губи „духот“ и лековитата моќ. Џорџ Тарнер (1733) и други истакнале дека со вриење и изложеност на воздух исчезнуваат невидливи елементи кои не можат да се пресоздадат во лабораторија.

Историчарите сметаат дека овие истражувања помогнале да се формира концептот за „гас“ во науката. Други гледале на филтрирањето како на природен процес што ја менува водата, но имале предвид и дека телото самото ја „филтрира“ минералната вода при бањање, преку кожата, овозможувајќи само на поситните минерали да навлезат во телото и да го овозможат позитивниот здравствен ефект. 

Сите тие, без да имаат современо научно знаење, чувствувале дека секоја човечка обработка ја лишува водата од нејзината природна сила.

Ова размислување има наследство и денес – современите потрошувачи вреднуваат производи што се „природни“ и „необработени“. Така, и случајот со Перие ја повторува старата загриженост: колку повеќе ја обработуваме природата, толку повеќе се губи нејзиниот автентичен дух.

19 август 2025 - 18:26