Бугарија ја совлада Македонија убедливо со 40 поени разлика (102 - 62) на Европското првенство од Б дивизијата за играчи до 16 години, на кое бевме домаќини. Ова ли е тоа на времето што го викавме „бугарски кош“?
Европскиот притисок врз Македонија да ги прифати бугарските барања ќе постави лош преседан за регионот, пишува Тони Барбер во текстот за Фајненшл тајмс, според кого овој почеток на преговори што и даден на Македонија не е истиот почеток што ЕУ до сега го давала.
Македонската фудбалска репрезентација уште во прво полувреме го затвори најлесниот меч во групната фаза од Лига на нации. Конечниот резултат е 4:0, односно убедливата предност која ја стекнаа уште по првите половина час игра. Милевски им даде шанса на четворица дебитанти.
Лео Азулај денес не е многу познато име. Француски лекар и антрополог, тој во 1900-тите започнал амбициозен проект, правење збирка на звуци од целиот свет. Помеѓу материјалите има и такви од Македонија.
Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва ќе го одбележи својот прв голем јубилеј откако е дојден во градот под Везув, на југот од Италија. На мечот Сасуоло - Наполи некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче, ќе го одигра својот 100. меч во дресот на Наполи.
Македонија го совлада Исланд со 3-1 и како втора зад Германија заврши во групата, што значи дека ќе игра во бараж/плејоф за пласман на Светско. На „Градски“ во Скопје многу убави моменти, пароли, банери, знамиња, песна.
Македонската фудбалска репрезентација на полувреме има комфорно водство од 0-2. По фантастичниот продор на Ашковски кога Алекс Трајковски реализираше за водство во 22’ минута, Енис Барди на асистенција на Елиф Елмас со снајперски прецизен шут стрелаше за 0-2 во 36’ минута.
Македонската женска ракометна селекција до 17 години направи неверојатен подвиг, откако на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија, урна големи репрезентации и ја освои титулата.
Она што беа Северно Ирците на Евро 2016 во Франција, сега се нашите навивачи во Романија. Во Букурешт песна не престанува, а журката не ја прекинуваа ни обилните монсунски дождови.
Почетокот на Евро2020 за нашата репрезентација беше пропратен со громогласно пеење на националната химна, испеана од повеќе од 4.000 грла. Момент на гордост за секој Македонец.
Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз во првото коло од групната фаза. Австрија - Македонија 3:1 (1:1). Капитенот Пандев стана втор највозрасен стрелец во историјата на европски првенства. Следен ривал Украина во четврток.
Не стивнуваат позитивните зборови за нашата најголема фудбалска легенда од сите страни на светот. За Гоче пред Евро 2020 пофално се пишува од Австралија до Америка.
Со оглед на тоа што нашето домашно првенство е такво какво што е, добро е што имаме макар тројца претставници од Прва македонска лига. Сите други играат во странство.
Покрај радоста и гордоста што им ги приредија на цел народ, најдобрите македонски фудбалери би можеле и добро да заработат на Евро2020. Одредени се бонуси за добрите резултати во групата.
На Арената „Тодор Проески“ конечно после 2 години пред 10.000 навивачи, македонската фудбалска репрезентација имаше водство против Словенија до самиот финиш кога Словенците израмнија на 1-1. Рутинска и зрела игра како најава за добар турнир летово.
Капитенот и наш најдобар фудбалер, Горан Пандев на 27 јули годинава ќе наполни 38 години. Месец дена претходно како четврт најстар играч ќе настапи на елитниот турнир. Пред него повозрасни се еден Холанѓанец, Шкотланѓанец и Португалец.
Во опсежно интервју за реномираниот португалски медиум Record, првиот човек на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин изјавил дека во ситуација кога ја нема неговата земја на Евро2020, неговите симпатии одат за Македонија.
Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.
Фудбалската федерација на Романија и комитетот за организација на Евро 2020 во консултација со здравствени стручни лица, побарале од министерството за здравство дозвола за двојно повеќе навивачи.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Коментаторот на Спортклуб и стручниот аналитичар од Белград, Владимир Новаковиќ направи детална анализа на тоа од каде потекнуваат големите успеси на македонскиот фудбал. Права дијагноза.
Верувале или не, цели две децении германската фудбалска репрезентација во квалификации за Светско првенство немаше пораз, додека вечерва во Дуизбург не дојдоа Пандев и другарите.
Во 76' минута од мечот кој ќе влезе во аналите како победа против најсилниот противник во историјата, Македонија при резултат 1-1 имаше корнер. Енис Барди центрираше а топката чисто го удри во рака Емре Џан но судијата Сергеј Карасев не досуди очигледен пенал и не оштети.