Претседателот на УЕФА ќе навива за Македонија на Европско
Во опсежно интервју за реномираниот португалски медиум Record, првиот човек на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин изјавил дека во ситуација кога ја нема неговата земја на Евро2020, неговите симпатии одат за Македонија.
Чеферин во септември 2016-та беше избран за претседател на УЕФА. Претходно раководел со словенечкиот фудбал. Интересно, една од двете генералки пред Европското, Македонија ја игра токму против Словенија, во вторник на 1 јуни од 18:00 часот.