Инсиње, Погба, Лука Модриќ, Де Брујне, Шик, Дамсгард, Мората, Јармоленко, Кјеза, Кристијано Роналдо. Кој од кој поубав гол на Европското 2020 кое ќе се памти како едно од најјаките одиграни во историјата. За чиј гол гласате?
Карпестиот стопер со сигурност е еден од нај-најзаслужните што Италија после 53 години повторно го оствари сонот и стана европски шампион. А пред само неколку месеци зборуваше колку му било тешко после еден клучен промашен пенал.
Фудбалскиот и општо животниот пат на Роберто Манчини и неговите најдобри другари заслужува филм. Пред 29 години на најпознатиот светски фудбалски храм губат во финале. Сега на истото место плачат од радост за европско злато на Италија.
Неколку дена Англија на „тивок оган“ ја крчкаше прославата на историска победа на Европско првенство и тоа домашно, но празникот се славеше на друго место.
По спокојното Светско првенство во Русија 2018-та каде не смееше пиле да помине и хулиганите знаеа што ги чека ако направат и најмал проблем, пред и по финалето во Лондон полицијата во неделата вечер не можеше да ја смири толпата.
Ако некој од сите стотици фудбалери кои играа на Европското првенство летово заслужи да му се израдува на големиот и скапоцен пехар, тоа со сигурност е и најхрабриот воин Џорџо Кјелини, столбот на Италија.
Има само 22 години а веќе може да се пофали со еден куп натпревари за славниот Милан и со злато на Европско првенство со Италија. Летово е пред богат трансфер во ПСЖ а круна на сите добри партии му е престижната награда - најдобар играч на цело Евро 2020.
Во финале на лондонски „Вембли“ кој крцаше до последно место, Италија ја совлада Англија 3:2 на пенали по нерешените 1:1 во регуларен дел и продолженија и втор пат во историја станаа европски прваци.
Толку му се навртеа на шпанскиот центарфор кој даваше важни голови ама и промашуваше уште поважни шанси, што муабетот стигна и до славниот „Дух со секира“.
Во неговата играчка ера англискиот фудбал важеше за најлуд: со ексценричниот Гаскоњ, хулигани на многу страни и груба игра на сите терени. Но во таков амбиент Гарет Саутгејт уште од рана возраст се двоел од другите по својата култура, речитост и писменост.
По беспрекорно организирано Европско, во средата вечер се случи прва голема судиска грешка која што ја изреволтира јавноста. Данска е грубо оштетена за непостоечки пенал и тоа среде продолженија.
Најдобриот фудбалер на англиската репрезентација на Евро 2020 имал мошне тешко детство кое во една прилика го опишал еден негов наставник. Денес е предводник на селекцијата од која што милиони очекуваат да стане европски шампион.
Не е Европско ако Италијанците не му дадат убав шмек. Што со отпеана химна ко да се иде на фронт, што со шармантни девојки со триколорето, што со досетливи пароли. Па браво!
По сите падови кои ги имаа со малерозниот селектор Вентура со кого испаднаа во бараж за Светско првенство (првпат после 60 години во 2018-та не отидоа на Мундијал), Италијанците доживуваат ренесанса со Роберто Манчини. Ќе играат големо финале на Европско 2020 на култниот „Вембли“. Еве како се славеше триуфот во една фан зона во Рим:
Леонардо Спинацола испадна неочекуван херој во италијанската репрезентација. По скромната сезона во Рома овој лев бек одигра фантастично Европско првенство но се повреди во четвртфиналето и ќе паузира најмалку шест месеци. Неговите соиграчи од репрезентацијата не го заборавија Спинацола.
Федерико, син на легендарниот Енрико Кјеза, го надмина својот татко и успеа да постигне фантастичен гол во полуфинале на Европско првенство. Италија ја совлада Шпанија на пенали а во Турција коментаторот урлаше како стрелец бил Инзаги!
Сигурно ретко кој од вас обрнал внимание на клупата на Шпанија на ова Европско па и на претходните големи турнири, за да може да ја забележи дамата која постојано е тука околу кога играат Шпанците. Таа контролира сè.
На Евро 2020 Англија стигна до полуфинале кое ќе го игра на домашниот „Вембли“, како и многу претходни натпревари. До решавачката фаза Англичаните само еднаш го напуштија Лондон и тоа до Рим каде ја декласираа Украина во четвртфинале.
На 22 јуни се обелодени дека британската влада ќе допушти 60.000 гледачи за полуфиналните дуели (6 и 7 јули) и финалето на Евро 2020 (11 јули). Но меѓу нив практично ќе нема гости од Данска, Италија и Шпанија.
Да му кажел некој на Хари Мегваер пред 5 години дека во иднина ќе командува со одбраната на Англија, ќе постигне гол во четвртфинале и ќе се пласира во полуфинале на Европско, сигурно би го сметал за луд.
Под водство на Роберто Манчини, Италија игра неверојатно и е во серија од 32 меча без пораз. Ја совладаа Белгија, прва селекција на ФИФА ранг листата, ама не можеа да не фрлат малку италијански зачин. Чиро Имобиле глуми повреда па слави гол во неколку секунди.
По неверојатните дуели во осминафинале, Шпанија и Швајцарија одиграа уште еден драматичен меч. Шпанците поведоа преку автогол, во 68' минута Швајцарците израмнија па со играч помалку издржаа до пенали.