Првпат во децениската историја на Европските првенства голман е избран за најдобар фудбалер на турнирот. Таа привилегија ја има италијанскиот чувар на мрежата.
15 години откако Италија го освои Светското 2006, сега стана и европски шампион, по втор пат во историјата. Еден од најзаслужните за тоа е Џиџи Донарума, италијанскиот голман кој и претходно во полуфинале со Шпанија на пенали ја спаси Италија, а и на цело Европско бранеше неверојатно.
Донарума беше како пантер на голот на Аѕурите:
Заслужено ја доби наградата за најдобар играч број 1 на Евро 2020
Верувале или не ова е 5-та пенал серија на Донарума кои излегол како победник од сите 5 серии.
Се прослави пред четири години на само 17 кога на Суперкупот Јувентус - Милан во Катар во декември 2016-та го прочита Пауло Дибала во пенал рулетот и тоа му беше прв одбранет пенал во кариерата а му го посвети на претседателот Силвио Берлускони кој заминуваше од Милан.
Во полуфиналето на Купот на Италија 2017/2018 меѓу Лацио и Милан, дуел кој заврши 0-0, Донарума на „Олимпико“ им одбрани на Милинковиќ-Савиќ, Лукас Леива и Луис Фелипе за победа и пласман во големото финале.
Квалификации за Лига Европа 2020/2021 - плејоф Рио Аве - Милан.
Во рундата среде глобална вирусна пандемија, Милан гостуваше во Португалија каде играше против Рио Аве. Мечот заврши 2:2 па се прејде на пенали и серијата се испостави за една од најлудите на сите времиња.
И двата тима ги погодија првите 8 пенали па следуваше драма. Донарума го промаши својот пенал но промаши и неговиот колега. Понатаму Милан пак промашуваше па Донарума мораше да го одбрани пеналот на Франсиско Жералдеш. И успеа за голема радост на росонерите.
Европско 2020 - Шпанија - Италија. Џиџи Донарума му го фати пеналот на Алваро Мората а Жоржињо го даде клучниот гол за триумф.
Европско 2020 - Финале: Англија - Италија. Донарума одбрани два удари (Санчо и Букајо Сака), а Рашфорд промаши цел гол.