Во фантастично финале во арената „Сподек“ во полскиот град Катовице, Италија со 3:2 во сетови ја совлада тврдата Словенија и стана нов европски првак. Неколку недели претходно и одбојкарките на Италија станаа европски шампионки.
Авионски лет од Порто до Бергамо. Додека милијарди ширум светот го гледаа финалето на тв, некои во тоа време се затекнаа во авион. Во еден момент капетанот соопштува дека Италија е европски шампион и во авионот настанува делириум.
Фудбалскиот и општо животниот пат на Роберто Манчини и неговите најдобри другари заслужува филм. Пред 29 години на најпознатиот светски фудбалски храм губат во финале. Сега на истото место плачат од радост за европско злато на Италија.
Ако некој од сите стотици фудбалери кои играа на Европското првенство летово заслужи да му се израдува на големиот и скапоцен пехар, тоа со сигурност е и најхрабриот воин Џорџо Кјелини, столбот на Италија.
Има само 22 години а веќе може да се пофали со еден куп натпревари за славниот Милан и со злато на Европско првенство со Италија. Летово е пред богат трансфер во ПСЖ а круна на сите добри партии му е престижната награда - најдобар играч на цело Евро 2020.
Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.
Како предвесник за она што ќе се случува 15 години подоцна кога Вардар стана европски шампион, Кометал Ѓорче Петров на 19 мај 2002 година се качи на европскиот трон и го воодушеви цел континент.
На почетокот на 2000-те години, холандската гимнастика била посилна од кога и да е. Главна ѕвезда на овој спорт во Холандија беше Верона ван де Лер - светска шампионка и повеќекратен освојувач на медали на европските првенства.
Вечерва започнува групната фаза на јубилејното 65. издание на Лигата на шампионите (28. во актуелната формула), турнир кој со квалификации започна на 25 јуни и кој одново носи енорнма заработка за сите учесници.
„Ни Лига на шампиони, ни индивидуални признанија, ништо друго не ме прави среќен како овој момент на европски шампион“ - Кристијано Роналдо, најдобар стрелец и играч со најмногу настапи во историјата на Португалија во говорот на денешен ден пред 3 години во Париз.
Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.
Пред него се исправија двајца гиганти, од кои неговиот сонародник и колега од репрезентацијата, Блаж Благотиншек е три глави посивсок од Скубе. Ама тоа не му сметаше на Сташ да го измрда од место џинот.
Пред две години, селекцијата на Португалија стана европски првак со голот на Едер во 109-та минута. Синоќа Португалија У-19 стана европски првак со голот на Педро Кореира во 109-та минута. Како само успеаа да се поклопат.
Пред повеќе од 15.000 гледачи „кралскиот клуб“ ја освои кошаркарската La Décima, го симна Фенербахче од тронот и ја прослави титулата европски шампион во белградската Арена.
Младите и перспективни режисери сериозно би требале да подразмислат за идејата да се сними филм за Србинот Дејан Котуровиќ. Овој некогашен кошаркар стана Европски шампион во 1995 во легендарното финале во Атина, а во 2002 година стана Светски првак откако претходно со СР Југославија сензационално ја победи Америка во четвртфиналето во Индијанаполис. Играше и за Бостон Селтикс во НБА. Пред некоја година на граничниот премин Богородица го уапсија поради тоа што имал неисправни документи за крадено возило по што 3 месеци беше на робија во Идризово. Во последно време се бави со шаманство.
Емоции, среќа, морници и моменти за историја. Тој што го монтирал видеово целосно ја разбира тежината на успехот на Рк Вардар кој на 4 јуни ја покори Европа. Видеово посветено на Европскиот шампион е беспрекорно и безвременско.
Кој беше организатор на прославата, па не’ утупи со “Излези момче“ и на крај демек као шлагворт “Земјо македонска“! За дури на крај на Самсоненко (секоја чест!) да му текне па сам да ја повлече нашата народна “Ој Вардаре македонски“ (btw, РК Вардар и си има своја химна, кај беше таа??). Резил!
За време на вардаровата ерупција на плоштадот во Скопје која кулминираше со песната која ја пејат само шампионите, помошникот на Раул Гонзалес, Давид Дејвис ја ловеше атмосферата од друг агол.
Европските шампиони им се обратија на сите кои дојдоа да ги поздрават на плоштадот во Скопје, а шпанскиот репрезентативец Жоан Канјелас искрено пријави проблем, немало пивце.
Ако на 4-ти јуни 2017-та со години ќе се навраќаме на голот на Чупиќ против ПСЖ и освојување на историската Европска титула, 6-ти ќе биде датум за паметење по спектакуларниот пречек на хероите. Кој беше, ќе раскажува.
По кошаркарите и ракометарите на Македонија, низ симболот на триумфот помина и Европскиот првак Вардар, момент кој немаше човек кој не го овековечи со својот телефон. Момент кој сите го чекаа и момент кој беше само најава за спектаклот на плоштадот во Скопје. Околу нив реки народ, сите обоени во црвено црна боја.
Сигурно на некој од вас синоќа му доцнеше сигналот па за шампионската титула на Вардар 2-3 секунди порано дознавте од комшиите или од соседниот кафиќ. Епа имаме видео и од таков еден пример.