Во морето изјави, прослави и изливи на емоции, една реченица на италијанскиот селектор беше посебно интересна. По големото финале на Вембли против домаќинот Англија каде Италија стана европски шампион, Манчини рече:
„Екипата е просто неверојатна, немам зборови да ги опишам емоциите за неа. Репрезентацијата приметно созреа. Сакам да кажам дека денес еден круг е затворен, остваривме голем успех“.
Затворен круг се однесува на него и неговите другари и поранешни соиграчи од Сампдорија во почетокот на ’90-те години. Сите тие станаа тренери и стручни помошници на Манчини во златната репрезентација на Италија.
Погледнете ги сликиве внимателно:
Само еден човек од овие шест на сликата не играл за Сампдорија, тоа е Габриеле Ориали. Сите други петмина не само што играа, туку блескаа во најубавиот дрес произведен на сите времиња.
„Правата дружба почна со она што прво нè обедини и продолжи со голема почит за она што нè прави различни“, пишал под оваа фотографија Албериго Евани за време на Евро 2020 каде Италија освои злато.
Ги обединува најмногу љубовта кон Сампдорија.
„Ние дури и спиевме во пижами Сампдорија. Со задоволство доаѓавме на секој утрински тренинг, од една страна синото море, од друга страна планинско зеленило. Просто чудесно“, раскажа еднаш Џанлука Виали за дружбата во Сампдорија.
Во базата на клубот од прекрасната Џенова Виали и Манчини ги викале Слипи и Допи, смешните џуџиња од легендарниот анимиран филм „Снежана и седумте џуџиња“. Често било вака:
Манчини во кариерата играше и беше тренер во еден куп клубови. Но со посебна љубов збори само за еден.
„Беше тоа многу необичен клуб со силни вредности. Денешната репрезентација на Италија ме потсеќа многу на таа Сампдорија. Работите секогаш одат добро кога атмосферата е така добра, тоа е фундамент во секој работен колектив. Ние веќе одамна сме заедно, но времето лета многу брзо“.
На пример Италијанците смислија и една трогателна, емотивна традиција. Се сеќавате како Лоран Блан му ја бакнуваше ќелавицата на Фабијан Бартез пред секој меч на Франција?
Епа такво нешто имаат и Италијанците. УЕФА на својот сајт раскажа дека во базата на Италија пред секој меч Леонардо Бонучи ја бакнува ќелавицата на Атилио Ломбардо, помошникот и најдобар другар на Манчини.
Посебен однос цела репрезентација има кон легендата Џанлука Виали кој сосема неодамна се излечил од тешка болест. После финалето еден од поискусните италијански репрезентативци и некогашен капитен на Рома, Алесандро Флоренци изјави:
„Знам дека овие зборови нема да му се допаднат на Џанлука, но многу ми е важно да знаете. Он е прав пример за нас. Он ни покажува каков е животот, како да му се насладуваш на животот секој ден, како да се носиш во секаква ситуација и да најдеш излез. Оваа победа е за него. Без него, како и без Манчини ќе бевме никој и ништо. Ќе ме проколнува за овие зборови но ги заслужува“.
По големото финале Манчини се пошегува на сметка на блискиот Лука Виали: „Он ми е како брат. А сега е важно да го слушаат зошто веќе е стар“.
ВИАЛИ И МАНЧИНИ СТВАРНО КАКО РОДЕНИ БРАЌА
Во конктекст на финалето на „Вембли“ меѓу Англија и Италија, има нешто многу интересно.
И Виали и Ломбардо и Манчини пред 29 години, во мај 1992-ра година на легендарниот стар „Вембли“ дошле на најважниот меч во клупската историја на Сампдорија.
Финале на Куп на европски шампиони (Лига на шампиони денес) пред нив стоеше страшната Барселона на Јохан Кројф со Стоичков, Микаел Лаудруп, Сакристан, Салинас, Куман и 21-годишниот Пеп Гвардиола.
Повозрасните се сеќаваат дека оваа генерација на Сампа беше една од најдобрите во светскиот фудбал во тоа време. Голманот Џулио Нучари кој исто сега е дел од стручниот штаб на Манчини, на тој меч бил резерва на клупа. Евани дошол подоцна во екипата а Салсано заминал претходно. Италијанците оддолеваа долго време.
Мечот отиде во продолженија а Сампдорија се држеше дури до средната на второто продолжение кога Роналд Куман со еден проектил во 112’ минута ја погоди мрежата на Џанлука Паљука.
Сампдорија една година претходно го освои своето прво и единствено до сега скудето во Италија. Плачеа играчите по тешкиот пораз во финалето со Барса, свесни дека таква шанса веќе нема да има.
Но на некои од нив, судбината им се насмеа по втор пат. Виали тоа лето замина во Јувентус за да во 1996-та со поранешните соиграчи од Сампдорија, Пјетро Вјерховод и Ломбардо да ја освојат вредната Лига на шампиони.
Роберто Манчини веќе не доби прилика да се приближи така блиску до драгоцениот пехар (освои две скудета во Серија А, Куп на Куп победници и Супер Куп на УЕФА, но не и Лига на шампиони).
Тој пораз на Вембли во финале против Барселона ден-денес го нарекува најтежок во акриерата.
Кога деновиве го прашале што очекува од финалето Италија - Англија искрено рекол: „Се надевам само дека ќе можам да се насладувам на моментите кои не ги добив во играчката кариера иако настапував за прекрасни екипи“.
И им се наслади. Среќата, но и знаењето го погледнаа. Манчини и Виали повторно плачеа, но овојпат од среќа. И така се затвори еден круг за кој ќе се снимаат филмови и пишуваат книги.
Roberto Mancini and Gianluca Vialli. Friends for decades. Played with each other at club and country.
— The Sack Race (@thesackrace) July 11, 2021
They've now led their national side to victory at the European Championships... 👏#ITAENG #ITA pic.twitter.com/IwmNjeB58t