Збор два за човекот на микрофон, гласот од натпреварите, појава која никогаш нема да се заборави.
Она што се Модриќ, Јокиќ, Ѓоковиќ, Дончиќ од Балканот на светско ниво, на тоа ниво на коментатор беше Един Авдиќ.
Како што децата кои тренираат спорт сакаат еден ден да бидат како најдобрите од регионот, така секој од нас кој се занимава со спортско новинарство, кој се замислува како коментира натпревар, сака да биде Един.
Уникатен глас, уникатен начин на интерпретација, насмевка, појава. Сè она што еден професионалец треба да има.
Не беше важно дали е пренос на натпревар, поткаст, емисија... Един Авдиќ имаше сè од тоа и затоа беше омилен кај сите.
Нека биде ова одјава од телото на Един, затоа што духот никогаш нема да замине.
Нека почива во мир