Работата лежи само во тоа што Еду Агире, другарот на Роналдо изгледа не знае дека Жезус се држи до себе 37 години низ богатата кариера, а не од вчера.
Жорже Жезус никогаш не блеснал во топ лигите па со неговите строги принципи не се запознаени сите. Еден од главните принципи му е: статусот на играчот не му гарантира посебни права. И Жезус одамна го применува. Последни примери беа Нејмар во Ал Хилал (2023-2025) и некогашниот фудбалер на Баерн Минхен Рафиња од времето во Фламенго (2019-2020).
А има уште многу други бројни примери.

„Така навистина стекна почит од екипата - зошто не правеше разлика меѓу играчите врз основа на нивната репутација“, вели Фелипе Луиз, некогашниот лев бек на Челси и Атлетико Мадрид кој се прослави како тренер на Фламенго со историска тројна круна на почеток на кариерата а сега го води Монако.
„Рафиња не го правеше она што Жезуз го бараше, па тренерот му рече: 'Се што си постигнал во минатото сега е веќе историја. Сега мораш да го правиш она што јас ќе ти го кажам'. Рафиња го сфати тоа и се потчини. Тогаш младите играчи си рекоа: “Аха, овој не се шегува. Од сите бара еднакво исто“.
ЧЕТИРИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЖЕЗУС
1. Главна филозофија на Жезус е: екипата секогаш е на прво место. Иако се смета дека секој тренер мисли така, но Жорже ја брани оваа идеја со посебен фанатизам.
Филипе Луис опишал и како Жезус многу внимание посветувал на изградба на врските на терен.
Додека одел пас кон Фрафиња, Луис веќе требал да се помести кон средина со цел да се одржи рамнотежа. Ако нападот би се развил понатаму, екипата точно знаела кој втрчува во шеснаесетникот, а кој останува позади да ги чува противничките напаѓачи.
И најмала грешка во проценката би резултирала со „сериозно рибање“ од тренерот.
Жорже Жезус исто сака и да им ги менува позициите на играчите со цел да ги прилагодите на потребите на екипата.
Кога Србинот Немања Матиќ во 2011-та година стигна како големо засилување во Бенфика, Жорж уште првиот ден му рекол: 'Не си доволно добар да играч како осумка или десетка. Ти не можеш да играш за Бенфика'. Матиќ тогаш збунет со отворена уста, тргнал да го прашува зошто тогаш го довеле во Бенфика, но Жорж го претркал: 'А ако играш како шестка ќе бидеш еден од најдобрите на светот!'.

Матиќ му верувал и стана еден од најдобрите фудбалери од среден ред во цела Европа во тоа време па Челси го врати во Лондон за 25 милиони евра!
После тоа одигра повеќе од 120 натпревари за Челси и за Манчестер Јунајтед.
Тогаш Жезус се свртел кон Бразилецот Талиска. До Бенфика тој играл како последен играч за врска, но Жорже во него гледал стрелец бомбардер. „Од тогаш мојата кариера целосно се измени!“, рекол Талиска во една прилика и додал: „Можеби секоја сезона давав повеќе од 20 голови“.
Во јули годинава пред да стане селектор на Португалија тој јавно ја критикувал тактиката на неговиот претходник селектор, Роберто Мартинез. „Сите викаа: ние имаме најдобар среден ред на свет. Но каде е? Двајца играчи од ПСЖ, но таму има други идеи: три напаѓачи кои инвидиуално управуваат со играта. Во Португалија немаше такво нешто. Убеден сум дека треба да се внесат идеи кои одговараат на карактеристиките на играчите“, рекол Жезус.
Како уште тогаш да најавил што ќе биде со Кристијано Роналдо?
2. СТРОГ РЕД, РЕЖИМ И ВНИМАНИЕ НА СИТНИ ДЕТАЉИ

Во Фламенго кого со голем успех го водеше Жезус, сите играчи морале да дојдат најмалку 1 час пред тренингот. Казната за доцнење не била новост, но секоја минута доцнење кај Жорж чинела 100 бразилски реали (околу 30 евра минута).
Жезус ја контролирал тежината и процентот на телесни маси. Ручекот почнувал истовремено за сите: Жезус му давал сигнал на капитенот Диего, а тој на останатите. Кога имало по два тренинзи дневно, играчите цел ден седеле во базата и си оделе дома дури во 18:00. „Јас легнувам многу доцна и станувам рано. Спијам максимум четири часа“, рекол Жорж.
На тренинзи тој иако во позни години често трча со играчите, како и сега што е во Португалија во Лига на Нации. А пуштал и дрон за да анализира подобро.
„Тој е посветен на детаљи. До крајност! Чекор овде, чекор онде“, раскажал стоперот на Фламенго Родриго Кајо а капитенот Диего рекол „Не секогаш е баш комфорно, бара огромна посветеност“.
Сега Португалците ставаат силен акцент на високиот пресинг на Жезус. Педро Нето во одговор на прашањето за постојани разговори со селекторот рекол: „Ми горат ушите“.
3. ЗА ЅВЕЗДИТЕ НЕ СЕ МЕНУВААТ ПРАВИЛАТА
Жорже Жезус неколку пати повторувал и пак повторува: „Статусот на играчот му дозволува одредена доза тактичност при носење одлуки пред натпреварот. Но кога ќе почне натпреварот, сите се во рамноправна положба“.
Овојпат е случајот „Роналдо“ кој направи потрес во светот на спортот. Жезус разговарал со Кристијано порано, дека ќе ги игра само првиот и последниот натпревар за време на репрезентативната пауза и дека ќе ги пропушти натпреварите со Норвешка и Данска.
А потоа пред Норвешка помислил да го пушти Роналдо од клупата. Но не го стави во игра иако овој се загреваше 20-ина минути.
„Играта не го налагаше тоа. Гонзало Рамош играше добро, даде гол, уште еден гол му поништија. Почуствував дека сега не треба да го менувам него“, рече Жезус отворено на прес после натпреварот.

Така и најави. Неговата формула е: до натпреварот Жорже им го објаснува својот план на ѕвездите, а за време на натпреварот сам носи одлука како и што треба да прави тренер.
Во 2017-та Жезус го тренираше Спортинг Лисабон. И еден од играчите се заканил дека ќе го однесе синот во друг клуб ако Жорже уште не го става во игра. Тренерот му одговорил: „Од сите играчи кои со мене работеле, уште ниту еден не кажал: 'Во мојот договор е напишано дека морам да играм. Кога ќе се појави кај мене фудбалер со таков договор, ќе речам: 'Тогаш чао, оди барај друг клуб'.
4. МАКСИМАЛНА ОТВОРЕНОСТ И ДИРЕКТНОСТ
Жезус е чесен со играчите, со новинарите, со навивачите и на крајот - со сам себе.
Во јануари 2025-та година Жезус јавно изјави дека Нејмар после повредите физички не може да го следи темпото на останатите играчи на Ал Хилал. За Бразилецот да биде регистриран за првенството во Саудиска Арабија, морало да биде изоставен друг странски играч. Но тренерот решил да не го стори тоа. Нејмар се навредил и избувнал.
На еден од играчите на Фламенго му рекол еднаш: „Имам 70 години, а можам да играм на твое место! Ти пешачиш ли!?“
На конференцијата за новинари која ја одржа Жезус по бурното заминување на Кристијано Роналдо од кампот на репрезентацијата, пред стотина новинари, камермани, репортери и пред скоро цел спортски свет кој чекал да види што ќе каже, Жорже одговорал на прашања на новинарот Нуњо Луж, новинар и долгогодишен близок познаник на Кристијано.
Кога Луж рекол дека селекторот Жорже „му ветил“ на Роналдо дека ќе игра 30 минути против Норвешка, Жезус бурно реагирал: „Можам да ветам што сакам. Јас сум селектор... Потребни ти се подобри информатори“, што била очигледна алузија на Кристијано.

Овој строг тренер не потпажа ни под притисок на навивачите. Кога жестоките ултраси на Фламенго непријателски ја дочекале екипата по испаѓање од Купот, Жезус тргнал да се разбере во нив: „Можете да не вреѓате на стадион, но кога претставата ќе заврши тоа е крај“.
Но тој знае и да признае свои грешки - например на оваа фамозна прес-конференција што ја следеа многумина рекол: 'Згрешив. Требаше да го пратам Роналдо на загревање 15 минути подоцна“. Со други зборови признал дека ја довел светската ѕвезда во непријатна положба.
Овие методи даваат резултати. Речиси во сите клубови Жорже Жезус остави голем белег. Со Бенфика освои рекордни во тој момент 10 трофеи (титули, Купови, Супер купови). Со Спортинг освои максимален број бодови во клупската историја (86) но не зема титула. На Фламенго му донесе прва титула после цели 38 години во најголемото натпреварување во Јужна Америка Копа Либертадорес и уште четири големи трофеи!

Во Ал Хилал влезе во Гинисова книга на рекорди со 34 победи по ред! Во Ал Наср му помогна на Кристијано Роналдо да ја освои првата шампионска титула после цели седум години.
Во врска со односот со Кристијано Роналдо, Жорже изјави пред натпреварот со Велс на кој играше Кристијано:
„Дали тој има посебен статус? Секако. Тој има друга кариера, пет Златни топки. Но влијае ли тоа на одлуките за составот? Не!“, рекол Жезус. А Кристијано се согласил (тогаш): “Се што ќе побара Мистер јас сум достапен. Да играм, да влезам од клупа или воопшто да не играм“.
Сајтот Observador соопштил дека планот Кристијано Роналдо да ги пропушти дуелите со Норвешка и Данска бил утврден уште во август: „Јас прекрасно ја знам физичката состојба на Кристијано. Така правевме и во Саудиска Арабија (во Ал Наср): ако натпревари се играа на секои три дена, тој многу ретко играше“.

За загревањето па не пуштањето во игра на Кристијано со Норвешка, селекторот изјави: „Секој играч кога ќе се загрева 20 или 30 минути и потоа нема да влезе во игра, не е задоволен. Секој! Така и Крис. Па дури и да биле Пеле или Марадона: 'Јас сум Пеле, 30 минути да се загревам?' Да има статус, но правата се еднакви за сите“.
Роналдо ги сметал овие зборови за недоволни според верзијата на неговиот другар, новинарот Еду Агире.
Во теорија можно е да се верува дека Жорже Жезус свесно го спремал Кристијано Роналдо за репрезентативна пауза, постепено му го стегал обрачот, знаејќи дека егото на Кристијано не би поднел ни најмал екцес.
Во секој случај, конференцијата з ановинари пред дуелот со Данска како да означи почеток на една нова ера. Покрај Жезус симболично седеше повремениот капитен Рубен Диаш...