Манчестер Сити деновиве е една од главните теми во светскиот фудбал, откако Премиер лигата ги прогласи виновни по сите точки околу финансискиот фер плеј.
Многу реакции имаше во фудбалскиот свет од страна на играчи, тренери, аналитичари. Златан со свој став околу темата, кој и не е баш поврзан со финансиските малверзации.
„Се прашувам зошто клубови и тренери од Премиер лигата толку се радуваат што Манчестер Сити се соочува со овие обвиненија.
Да, тие потрошија многу пари за да изградат квалитетен тим. Но, дали трошењето пари автоматски значи дека секој играч што го сакале бил и достапен? А што е со клубовите што ги победиле со истите тие играчи?
А што е со Пеп Гвардиола? Дали и тој беше купен?
Ако парите сами по себе гарантираа успех, Манчестер Сити ќе освоеше многу повеќе титули во Лигата на шампионите. А ја имаат освоено само еднаш.
Погледнете го Реал Мадрид. Тие постојано наоѓаат начин да го победат Сити во Европа. Можеби клубовите од Премиер лигата сега се однесуваат како разгалени деца.
Фудбалот не е толку едноставен. Можеш да трошиш пари, но сепак ти требаат играчи, тренер, менталитет и вистински моменти за навистина да победиш“, смета Златан.