Шкотските навивачи имаат посебна култура на гостувања како никој друг

Таксисти, не им наплаќајте на Шкотланѓаните 1.000 за 3 км. Угостители, не ги дерете 10 евра за пиво. Во Скопје доаѓа најдобрата навивачка група и тоа по трет пат.

Разочарани од хулиганскиот статус кој го имале навивачите од Велика Британија, група на поддржувачи на репрезентацијата на Шкотска кои сакале да го подобрат имиџот на својата земја, кон крајот на 70-те години почнале да ги посетуваат натпреварите под името „Tartan Army". 

Резултатите биле веднаш видливи, а признанијата пристигнувале од сите страни.

Тартан Армијата беше прогласена за најдобра навивачка група на Европското првенство во 1992. година, а добија и посебна награда за добро однесување на Светското првенство во 1998. година.

Но освен забавата и навивањето, шкотските навивачи имаат и добротворна мисија во секоја земја која ја посетуваат. Преку својата организација Tartan Army Sunshune Appeal организираат бројни настани и акции на кои собираат средства кои подоцна ги донираат.

Ете тоа е Тартан Армија. Навивачката група не е позната само по својата верност и килтовите кои ги носат на секое гостување, туку и по донирањето.

Македонија два пати се има паднато против Шкотска, повод за до сега да ги видиме два пати во Скопје. Тоа се квалификациските циклуси за СП 2010 и СП 2014.

Тартан арми на градски во 2008

Во 2008-ма година дојдоа во бројка преку 2.000 и собраа 2.000 фунти како донација во СОС Детското село, а во 2013-та донираа 5.000 фунти во Центарот за деца „Снежана“ во Шуто Оризари во Скопје, која се грижи за ранливата категорија на деца од улиците.

Нивните донации вклучуваат игралишта, програми за обновување, за сиропиталишта, медицинска опрема, инкубатори за бебиња.

Во Шкотска тие ја поддржуваат националната мрежа на фудбалскиот клуб ТАЦЦ и проектите за храна во пет од најсиромашните населби во Шкотска. Децата ги носат на репрезентативни натпревари и им помагаат на ранливите категории при славењето на Божиќ.

Првата донација во Скопје им беше 46-та добротворна акција, па сега вие видете што луѓе се.

На 3 октомври ќе одиграат пријателски натпревар против македонски навивачи, во пресрет на дуелот од Лига на нации меѓу двете репрезентации во Скопје.

Традиционалната хуманитарна акција овој пат ќе им биде во Здружението за мултиетничка музичка едукација „Рома рок скул”.

Се работи за донација од 5.000 фунти како поддршка на бесплатната музичка едукација на деца и млади, бесплатен превоз за учениците, за набавка на музички инструменти и опрема, како и за организирање обуки за музичко творештво и мултиетничка толеранција преку музиката.

Уште од средата можеа да се забележат шкотски навивачи во Скопје. Според најавите, за утрешниот меч против Македонија доаѓаат над 3.000.

2 октомври 2026 - 14:06